Заменик-шефот на администрацијата на Зеленски поднел оставка

January 24, 2023
1 min read

Во објавата на Телеграм, соработникот на украинскиот претседател не ја наведува причината за оставката, но украинските медиуми јавуваат дека Тимошенко е можеби дел од кадровските смени што го најави Зеленски

Заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Кирило Тимошенко, на почетокот на оваа недела побарал од претседателот Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, јави Ројтерс.

Според украинските медиуми, Тимошенко бил вмешан во неколку скандали поврзани со неговата лична употреба на скапи автомобили, наводи што тој ги демантира.

Тој во објава на својот профил на Телеграм му се заблагодари на украинскиот претседател за довербата и за можноста, како што вели, за правење добри дела секој ден и секоја минута.

„Му благодарам на секој шеф на регионалните воени администрации. Вие сте вистински воини на светлината!Благодарност до градоначалниците за конструктивност во споровите. Благодарност до сите Украинци за довербата во нашата кауза. Благодарност до вооружените сили – што ја спасија и што ја бранат нашата земја. Благодарение на мојата сопруга и синот за разбирањето и поддршката“,

додава Тимошенко во објавата на Телеграм.

Во објавата на Телеграм, соработникот на украинскиот претседател не ја наведува причината за оставката, но украинските медиуми јавуваат дека Тимошенко е можеби дел од кадровските смени што го најави Зеленски.

Зеленски најави отпуштања од највисоко до најниско ниво во владата, регионите и безбедносните сили по наводите за корупција, речиси една година по руската инвазија.

„Веќе има одлуки за отпуштања – некои ќе се случат денеска, некои утре – што се однесуваат на функционери на различни нивоа во министерства и други владини структури, како и на регионално ниво и во органите за спроведување на законот“,

рече Зеленски во видеопорака.

Кирило Тимошенко (33) беше заменик-шеф на претседателската канцеларија на Зеленски од 2019 година, надгледувајќи ги регионите и регионалните политики. Тој, исто така, работеше со украинскиот претседател за време на неговата изборна кампања.

Од почетокот на руската инвазија во Украина во февруари 2022 година, според украинските медиуми, Тимошенко бил вмешан во неколку скандали поврзани со неговата лична употреба на скапи автомобили. Тимошенко, пак, ги отфрлил ваквите обвинувања.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Санкции за 100 возачи, седуммина немале ниту возачка дозвола

Следно

ФБИ: Хакери од северна Кореја одговорни за кражба на 100 милиони долари

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop