Захарова: Притисокот од САД врз Србија ќе се зголеми ако Белград ни воведе санкции

March 14, 2023
1 min read

Српскиот министер за економија некое чудно размислување, вели портпаролката на руското МНР откако тој отворено побара Владата да воведе санкции за Русија

Марија Захарова, портпаролка на МНР на Русија / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи (МНР), Марија Захарова, реагираше на изјавата на српскиот министер за економија Раде Баста кој е прв функционер од Белград што отворено кажа дека неговата земја треба да воведе санкции кон Русија.

„Српскиот министер за економија, Раде Баста, има некое чудно размислување кога вели дека Србија треба да воведе санкции кон Русија“,

искоментира Захарова на Телеграм.

Портпаролката на руското МНР во реакцијата посочува дека Русија, за разлика од САД, секогаш ја почитувала Србија и нејзиниот народ.

„Очигледно е дека со воведување на санкции кон Русија, притисокот од САД на Србија нема да исчезне, туку само ќе се зголеми“,

вели Захарова.

Баста вчера се огласи преку социјалните мрежи барајќи Владата на Србија итно да се изјасни во врска со санкциите бидејќи, како што рече, последиците од невоведувањето санкции стануваат неподносливи.

„Нашата земја веќе плаќа висока цена што не воведува санкции кон Русија, а тоа станува неподносливо. Како министер за економија гледам колкав притисок се врши врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ние молчиме. Тоа не можам да го прифатам. Затоа јас сум за воведување санкции кон Русија, стојам покрај претседателот Вучиќ во одбрана на државните и националните интереси и имам апсолутна доверба во него. Затоа барам од српската влада и од сите министрите да се изјаснат по ова прашање“,

напиша Баста вчера на Инстаграм.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието ќе ја одржи 79. пленарна седница

Следно

Украина го критикува предлогот на Москва за продолжување на Црноморската иницијатива за житарките

Latest from Blog

Америка ќе користи вештачка интелигенција за управување со воздушниот сообраќај

Министерот за транспорт Шон Дафи потврди дека владата работи на интегрирање на софтверот за вештачка интелигенција во својот систем за управување со воздушниот сообраќај. Проект од 12 милијарди долари Дафи, кој некогаш

Малолетнички бракови: Изгубено детство, одземени шанси

Малолетничките бракови и неформалните заедници со малолетници во Македонија оставаат сериозни последици врз децата и нивните семејства. Често доведуваат до прекин на образованието, психолошки и здравствени ризици, нарушени семејни односи и економска
Go toTop