Украина го критикува предлогот на Москва за продолжување на Црноморската иницијатива за житарките

March 14, 2023
1 min read

Русија вчера предложи за дополнителни 60 дена да се продолжи договорот за извоз на украинско жито, што истекува на 18 март, понуда што наиде на критики од официјален Киев, каде сметаат дека го доведува во прашање првичниот договор.

-Москва не се противи на обновување на договорот што овозможува безбеден извоз на житари од украинските пристаништа на Црното Море, туку само за период од 60 дена, што е двојно пократок рок од периодот предвиден во претходниот договор, изјави синоќа рускиот заменик шеф на руската дипломатија, Сергеј Вершињин.

Договорот за извоз на жито меѓу Русија и Украина, постигнат со посредство на ОН и Турција во јули минатата година, имаше за цел да спречи глобална прехранбена криза со тоа што ќе овозможи безбеден извоз на жито од трите украински пристаништа на Црното Море блокирани од руските сили.

Украинскиот министер за инфраструктура изјави дека рускиот предлог за продолжување од 60 дена „му противречи на документот потпишан од Турција и ОН“, договор што вклучува најмалку 120 дена продолжување.

Во соопштението за печатот во Женева, ОН објавија дека го „забележале“ рускиот предлог и нагласија дека лидерот на ОН „потврдил дека ОН ќе направат се што е во нивна моќ за да го зачуваат интегритетот на „Црноморската иницијатива“ и обезбеди нејзин континуитет“.

По разговорите со трговскиот претставник на Обединетите нации, Ребека Гринспан и највисокиот претставник на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс, Сергеј Вершињин кажа дека Москва не се противи на ново продолжување“ по истекот на рокот, но само за 60 дена.

Вершињин, исто така, рече дека и покрај „сеопфатниот и искрен разговор“, Русија истакна дека ограничувањата за нејзините земјоделски извозници остануваат на сила.

-Нашата идна позиција ќе биде одредена со опиплив напредок во нормализацијата на нашиот земјоделски извоз, не со зборови, туку со дела, рече Вершињин, додавајќи дека тоа меѓудругото вклучува банкарски плаќања, транспортна логистика, осигурување и одмрзнување на финансиските активности. .

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека ова е „клучен момент“ во преговорите за Црноморската иницијатива.

Прајс вели дека на светот му е потребна иницијативата, за која тој тврди дека овозможува извоз на жито во земјите во развој, како и помага за намалување на цените на храната.

-Ова е клучна алатка во клучно време, рече Прајс.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Захарова: Притисокот од САД врз Србија ќе се зголеми ако Белград ни воведе санкции

Следно

„100 години Ацо Шопов“ организираат Општина Центар и Францускиот институт – Скопје

Latest from Blog

Николоски: Со над 5,6 милиони евра ја унапредуваме инфраструктурата во Струга

Над 5,6 милиони евра се инвестираат во капитални проекти во општина Струга преку поддршката од Министерството за транспорт, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Средствата се насочени кон

10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ПРОМЕТ НА БЕРЗАТА: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.236,21 поени. Во

Чеферин му испрати жестока порака на Инфантино: Не ме интересира…

ФОТО: UEFA.COM Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од функцијата, предупредувајќи дека ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател

Битола со рекордни вложувања во спортот и силна поддршка за културата

Летото влегува во својата завршница исто како и битолското културно лето „Бит Фест“, но и реализацијата на големите спортски училишни инфраструктурни проекти кои изминативе месеци со голема динамика се градеа. За „Бит

Кина повлекува над 4 милиони возила поради ОПАСНОСТ ОД СКРИЕНИТЕ РАЧКИ НА ВРАТИТЕ

Кина иницираше повлекување на повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриените рачки на вратите кои се вовлекуваат во каросеријата. Мерката опфаќа 2,98 милиони автомобили на Tesla произведени во Кина,
Go toTop