За Мицкоски нова лидерска средба е можна само ако на неа се разговара за датум за предвремени избори

August 24, 2023
1 min read

Според Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на брзи парламентарни избори без техничка влада и сега, како што вели тој само тоа е на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е можна нова средба со претседателот на владејачката СДСМ, но само доколку на таа лидерска средба се разговара околу датум за предвремени парламентарни избори и динамиката на законските измени во делот на техничка влада. Според Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на брзи парламентарни избори без техничка влада и сега, како што вели тој само тоа е на маса.

„Во минатото многу работи ставивме на маса. Пред неколку дена во мојот говор во Кичево споменав дека пред повеќе од една година, буквално се беше на маса. Но, тие ништо не успеаја да направат. Исто така, во овие година дена континуирано, и покрај тоа што никој не не прашуваше кога се правеше тој договор, ние нудевме потенцијални решенија, како што е хрватски модел, одложено дејство. Но, сега нема ништо повеќе на маса, само една работа – лидерска средба околу датумот за предвремени парламентарни избори“,

беше денешниот одговор на Мицкоски на новинарско прашање дали би го продолжиле дијалогот со власта околу уставните измени и дали е можна нова лидерска средба.

Мицкоски рече дека секој оној којшто сака да разговара за ова прашање е добредојден.

„Се останато што се случува во моментот е тортура и притисок кој се случува и во јавноста и ВМРО-ДПМНЕ на тоа ќе се спротистави“,

додаде Мицкоски.

Прашан како ја коментира владината кампања „Ние сме Европа“, Мицкоски одговори дека станува збор за плагијат, за нешто што веќе е видено во Европа, и порача европските дипломати да интервенираат кај Владата да не ја злоупотребуваат Европа.

„Тоа е плагијат. Нема ништо оригинално во Владата на СДСМ и ДУИ. Станува збор за нешто веќе видено во Европа. Најмалку што имаат право овие политички изманици е да се повикуваат на Европа. Се додека се претставуваат како промотори на европските вредности, кредибилетет на Европа во очите на граѓаните ќе опаѓа. Тука и европските дипломати имаат можност да интервенираат кај Владата да не ја злоупотребуваат европа. Владата прави се што е спротивно на европските вредности“,

рече Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во античкиот театар Марчело во Рим вечерва концерт ќе одржи триото „Балкан ашк“

Следно

Ковачевски, Османи, Агелер и Маричиќ на вечера со Габриел Ескобар

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop