За да и служи на својата земја, претседателот Бајден треба да се повлече од изборите

4 mins read

Доналд Трамп се покажа себе си како значителна закана кон таа демократија – хаотична и самозаинтересирана фигура која не ја заслужува довербата на јавноста. Тој систематски се обидува да го поткопа интегритетот на изборите. Неговите симпатизери јавно ја опишаа агендата 2025 која ќе му даде моќ за извршување на неговите најекстремни ветувања и закани. Ако тој се врати во канцеларија вети дека ќе биде поинаков тип на претседател, кој не е ограничен од кочниците вградени во американскиот политички систем.

Бајден изјави дека тој е кандидат со најдобри шанси за справување со оваа закана од тиранија и нејзино поразување. Неговиот аргумент главно се потпира на фактот дека тој го победи Трамп во 2020. Тоа повеќе не е доволна причина за тоа зошто Бајден годинава треба да биде кандидат на демократите.

Во дебатата во четвртокот претседателот требаше да ја убеди американската јавност дека тој може да се издигне на ниво на застрашувачките барања што ги носи позицијата која сака да ја држи уште еден мандат. Гласачите, сепак, не може да се очекува да го игнорираат она што им е пред очи: Бајден не е истиот човек од пред четири години.

Претседателот во четвртокот вечерта беше сенка од големиот јавен службеник. Тој се мачеше да објасни што би постигнал во вториот мандат. Се мачеше да одговори на провокациите на Трамп. Се мачеше да го натера Трамп да одговара за своите лаги, неуспеси и застрашувачки планови. Повеќе од еднаш тој имаше проблем да заврши реченица.

Бајден беше претседател во почит. Под неговото лидерство државата напредуваше и почна да работи на повеќе долгорочни проблеми, а раните отворени од Трамп почнаа да се залекуваат. Меѓутоа најголемата услуга што Бајден сега може да ја направи е да објави дека нема да ја продолжи изборната трка.

Како што сега стојат работите, претседателот е дел од непромислен ризик. Демократите имаат лидери кои се подобро подготвени да престават јасна, прифатлива и енергична алтернатива на втор мандат на Трамп. Нема причина зошто партијата да ја ризикува стабилноста и безбедноста на земјата присилувајќи ги гласачите да избираат меѓу слабостите на Трамп и оние на Бајден. Се работи за преголем ризик едноставно да се надеваш дека американските гласачи ќе ги надминат или нема да ги земат предвид возраста и немоќта на Бајден што ги гледаат со сопствени очи.

Доколку трката се сведе на избор меѓу Трамп и Бајден, актуелниот претседател би бил едногласниот избор на оваа редакција. Толку многу е голема опасноста од Трамп. Меѓутоа имајќи ја предвид токму таа опасност, влогот за државата и нееднаквите способности на Бајден, на САД му треба посилен противник за претпоставениот републикански кандидат. Да се повика на нов демократски кандидат оволку доцна во трката не е лесна одлука, меѓутоа ги одразува обемот и сериозноста на заканата од Трамп за вредностите и институциите на оваа земја, и неадекватноста на Бајден да се соочи со него.

Повлекувањето на кандидатурата би било спротивно на лични и политичките инстинкти на Бајден. Тој во минатото се крена себе си од трагедиите и проблемите и очигледно верува дека истото може повторно да го направи. Поддржувачите на претседателот веќе ја објаснуваат четврточната дебата како само една точка споредено со успесите и постигнувањата во изминатите 3 години. Меѓутоа перформансите на претседателот не можат да бидат припишани на лоша вечер или настинка, бидејќи тие ги потврдија стравовите кои се собираа со месеци и години. Дури и кога Бајден се обиде да ги искаже своите предлог политики, тој се блокираше. Тоа не може да биде прикриено со други јавни настапи бидејќи тој има ограничени и внимателно контролирани појавувања во јавност.

Треба да се запамети дека Бајден беше тој што го предизвика Трамп на овој вербален дуел. Тој ги постави правилата и инсистираше на датуми порано од која било претходна претседателска дебата. Тој сфати дека мора да реагира околу постојната јавна загриженост околу неговата ментална активност и дека треба да го направи тоа што е можно побрзо.

Вистината со која Бајден сега треба да се соочи е дека тој падна на сопствениот тест.

На анкети и интервјуа гласачите изјавуваат дека бараат свежи гласови кои ќе му се спротивстават на Трамп. А утехата за Бајден и неговите симпатизери е дека уште има време да се застане зад друг кандидат. Иако Американците се научени на истоштувачките долгогодишни претседателски избори, во голем број демократии, кампањите траат само неколку месеци.

Трагедија е што републиканците не се вдадоа на подлабоко преиспитување на самите себе по дебатата во четвртокот. Самиот настап на Трамп треба да се смета за дисквалификувачки. Тој лажеше дрско и постојано околу сопствените постапки и неговото резиме како претседател и за својот противник. Тој опиша планови кои ќе и наштетат на американската економија, ќе ги поткопаат слободите и ќе ги оштетат американските односи со други нации. Тој одбива да вети дека ќе прифати пораз, и наместо тоа се враќа на реторика која доведе до нападот на Конгресот од 6 јануари.

Републиканската партија, сепак, ги прифати амбициите на Трамп. Товарот останува на Демократската партија да ги стави интересите на нацијата над оние на еден човек.

Демократите кои застанаа зад Бајден сега мораат да најдат храброст да му ги кажат јасните вистини на лидерот на партијата. Соработниците и помошниците кои ја поддржаа кандидатурата на претседателот и кои го заштитија од импровизирани појавувања во јавност, треба да ја признаат штетата направена на позицијата на Бајден и малата веројатност дека истата може да ја поправи.

Бајден во четвртокот вечерта одговори на итно прашање. Тоа не беше одговорот на кој неговите поддржувачи се надеваат. Меѓутоа ако ризикот од втор мандат на Трамп е голем како што тој вели дека е голем, и ние се согласуваме со него дека опасноста е огромна, тогаш неговата посветеност кон оваа држава му остава нему и на неговата партија еден избор.

Најчистиот пат за демократите да поразат кандидат кој е дефиниран од неговите лаги е со вистина да се соочат со американската јавност: да признаат дека Бајден не може да ја продолжи трката и да создаде процес да се избере некој што е поспособен да застане на негово место за да го порази Трамп во ноември.

Ова е негова најдобра шанса за да се заштити душата на нацијата, причината која го внесе Бајден на изборите во 2019, од малигната извитопереност на Трамп. И ова е најдобрата услуга што Бајден може да ја направи за земјата која благородно ја служеше толку години.

Едиторијал на
Њујорк тајмс

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле

Следно

Валанчиунас заврши во Вашингтон

Latest from Blog