За бугарските споменици на нацистичкиот колаборационист

January 29, 2023
1 min read

Во јануари 1941 година, Борис Трети официјално го одобри антисемитското законодавство засновано на Нирнбершките закони. На Евреите им го ускрати бугарското државјанство, им ја забрани јавната сфера, го легализираше регрутирањето на Евреите на принудна работа и запленувањето на еврејски имот.

Бргу потоа, царот ја здружи Бугарија со Хитлер; за возврат, Хитлер ѝ дозволи на Бугарија да одземе територии од нејзините соседи – Вардарска Македонија, западна Тракија од Грција и Пирот од Југославија.

Од таа точка, Евреите кои живеат под бугарска власт се поделени во две категории: оние кои живеат во самата Бугарија и оние од окупираните територии дадени од Хитлер. Двете популации доживуваат различни судбини.

Во 1943 година, бугарските сили систематски собраа над 11.300 Евреи од окупираните територии и им ги предадоа на нацистите. Практично сите беа истребени во Треблинка.

Владата на Борис III беше подготвена да го стори истото со Евреите од самата Бугарија но сепак, депортациите беа прекинати а историчари и денес дебатираат за причините за тоа.

Спасот сепак дојде со висока цена. Наместо да им бидат предадени на нацистите, околу 20.000 Евреи беа протерани од Софија во руралните гета. Сè поостри антисемитски закони ги принудија Евреите да носат жолти ѕвезди и беше воведен полициски час во гетата; почнувајќи од 1941 година, илјадници еврејски мажи беа затворени во работни логори внатре во земјата. Бугарија не депортираше 48.000 Евреи од Бугарија но ги подложи на прогон и затвори.

„После војната, Борис Трети беше трансформиран во спасител кој храбро му пркосел на барањето на Хитлер да ги предаде Евреите. Се разбира, овој мит функционира само ако се игнорираат 11.300 Евреи кои беа депортирани и убиени“, пишува Форвард.

Кампањата за историско ретуширање на цар Борис беше толку успешна што кон крајот на 1990-тите Израел подигна споменик во кој му се заблагодарува за спасувањето на бугарските Евреи, но, после бурните реакции, комисија што го истражуваше наследството на царот препорача отстранување на споменикот. Тој беше симнат во 2003 година.

Другите почести на Софија кон Борис Трети вклучуваат парк Борисова Градина (со споменик), булевар, културен центар, болница, статуа во Националниот историски музеј…. а во цела Бугарија има вкупно 23 места кои имаат споменици, библиотеки, булевари, улици и спомен плочи во негова чест.

* извор

*******************

Види и:

Борисов, и нас особено нè заболе

Кој ни ги украде Евреите?

Браќата дознаа за еден поинаков „бугарски воз“

Знаете ли дека Бугарија ѝ има објавено војна на Америка?

Прости унца по унца, и Бугаринот почна да бунца

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски за Таравари: Сака да влезе во владата не поради уставните измени бидејќи мнозинство нема, се работи за математика или уцена

Следно

Османи: Вреди да се анализира дали Бугарија навистина сака да се случат уставни измени во С Македонија

Latest from Blog

Арсовска со отворено писмо до евроамбасадорот Рокас: „Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си има своја држава“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати отворено писмо до амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, по повод посетата на еврокомесарката Марта Кос во Скопје и одржувањето на Самитот ЕУ –

Челникот на Комисијата на турскиот Парламент, Октај: „Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот“

ТИРАНА (АА) – Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Фуат Октај, изјави дека Турција е еден од главните елементи на стабилноста на Балканот, јавува Анадолу.

Марковски избори пласман на главниот турнир во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од

Трамп изрази надеж дека „следната недела“ ќе биде постигнат прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека се надева дека наскоро ќе биде постигнат прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. „Се надеваме дека (прекинот на огнот) ќе

Ахмети: Пописот беше во рамките на договорите – ВЛЕН обвинува за пазарење со дијаспората

Одговарајќи на обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека за време на пописот на населението во 2021 година, ДУИ прифатила поделба на граѓаните во две категории – резиденти и нерезиденти – лидерот на интегративците,
Go toTop