Вучиќ за средбата со Ескобар: Отворен и фер разговор

March 15, 2023
1 min read

Од кабинетот на Вучиќ по средбата соопштија дека разговарале за процесот на нормализирање на односите со Приштина, формирањето на Заедницата на српските општини и можностите за изнаоѓање компромисни и одржливи решенија во дијалогот што се води со посредство на Европската Унија

Претседателот на СрбијА Александар Вучиќ, денеска изјави дека имал „отворен и фер“ разговор со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и дека верува во подобрување на односите со САД.

„Отворен и фер разговор со американскиот претставник. Верувам во натамошно подобрување на односите меѓу Србија и САД“,

напиша Вучиќ на Инстаграм по средбата во Белград со Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД.

Од кабинетот на Вучиќ по средбата соопштија дека разговарале за процесот на нормализирање на односите со Приштина, формирањето на Заедницата на српските општини и можностите за изнаоѓање компромисни и одржливи решенија во дијалогот што се води со посредство на Европската Унија.

Вучиќ ја „повторил непроменетата позиција“ на Србија во однос на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот и решавањето на отворените прашања меѓу Белград и Приштина, со акцент на целосно спроведување на досега потпишаните договори и зачувување на државните и националните интереси.

Вучиќ в сабота во Охрид ќе се сретне со премиерот на Република Косово Албин Курти во рамки на дијалогот Косово-Србија посредуван од Европската Унија. Курти и Вучиќ веќе го потврдиле нивното учество на оваа средба, јави косовската Радио-телевизија.

Косовската телевизија информира дека, според добиеното официјално известување од делегацијата на ЕУ во Приштина, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и специјалниот претставник на Унијата за дијалогот Белград-Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак најпрво ќе остварат одвоени средби со Курти и Вучиќ, а потоа ќе седнат на заедничка средба со нив. Се очекува тие да разговараат и да го потпишат спроведувањето на европскиот план за нормализирање на односите помеѓу двете земји.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

НОВ ПЕКОЛ ВО ТУРЦИЈА – по разорниот земјотрес уште една природна катастрофа, водата ги проголта и така малку останатите згради и куќи (ВИДЕО)

Следно

Од Скендербег порака за задник и долен веш, за Ковачевски, Груби, шивална и 22 милиони евра (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop