Вучиќ: Налогот за апсење на Путин ќе има лоши последици

March 20, 2023
1 min read

Прашан за можното апсење на Путин доколку дојде во Србија, Вучиќ рече дека земјата ги има овие обврски бидејќи го прифатила Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, но додаде дека додека војната со Украина е во тек, рускиот претседател нема од каде да дојде во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, смета дека одлуката на Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин не е „доволно мудра или паметно пресметана“.

EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во своето обраќање до јавноста по повод преговорите со Приштина во Охрид, Вучиќ изјави дека оваа одлука ќе има лоши политички последици и лоши последици по човечки животи, што, како што додаде, покажува дека постои голема неподготвеност да се зборува за мир и за примирје.

„Со кого ќе разговарате сега кога го обвинивте за најголемите воени злосторства? Или можеби нема да разговарате, можеби не сакате мир, го чекате поразот на Русија? Дали навистина мислите дека е можно Русија да биде победена за три месеци, шест месеци или една година?“,

истакна Вучиќ.

Одлуката на Судот во Хаг, според Вучиќ, е донесена за да му се отежне комуникацијата на рускиот претседател, така што секој што би разговарал со него, „би знаел оти Путин е обвинет за најтешки воени злосторства“. Додава дека ова е политичка одлука и дека нејзината цел, меѓу другото, е да ја отежне економската положба на Русија.

Прашан за можното апсење на Путин доколку дојде во Србија, Вучиќ рече дека земјата ги има овие обврски бидејќи го прифатила Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, но додаде дека додека војната со Украина е во тек, рускиот претседател нема од каде да дојде во Србија.

„Додека војната продолжува, Путин нема од каде да стигне до Србија“,

рече Вучиќ.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 17 март објави дека издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Судот наведе дека Путин е осомничен за воено злосторство илегална депортација на население (деца) и нелегално преселување на население (деца) од окупираните територии на Украина во Русија.

Судот додаде дека е издадена потерница и за Марија Лвова-Белова, руска службеничка за правата на децата, која наводно била вмешана во депортацијата на деца од Украина во Русија.

Налогот за апсење, според судот во Хаг, може да придонесе за спречување на натамошни кривични дела.

По веста од Хаг, официјална Москва изјави дека одлуките од Хаг немаат влијание врз Русија и дека секој нивни налог за апсење е ништовен зашто земјата не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон него.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инзаги: Рабио играше со рака и акцијата е нерегуларна, Интер заслужува респект

Следно

САД го поздравија договорот во Охрид што го постигнаа Косово и Србија со посредство на ЕУ

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop