Вучиќ вели дека ќе оди на разговори со Курти во Брисел откако ќе биде формирана Заедницата на српски општини

February 9, 2023
1 min read

Белград инсистира на формирање на Заедница на општини со српско мнозинско население како услов за спроведување на планот на ЕУ, додека косовскиот премиер Албин Курти вели дека ова прашање не е централно и дека не е споменато во планот како предуслов

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека ќе оди во Брисел на нова рунда разговори со косовскиот премиер Албин Курти кога ќе биде формирана Заедницата на општини со српско мнозинство.

Изјавата на Вучиќ доаѓа откако високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеф Борел денеска најави дека наскоро ќе има нова средба меѓу претседателот на Србија и премиерот на Косово со цел да се продолжат дискусиите за планот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Тие треба да ми ја кажат смислата на таа. Ако мислите да ме повикате во Брисел да ме наговарате да кажам Заедница на српски општини истовремено со не знам што, немојте да ме викате“,

рече Вучиќ на отворањето на хотел во Куршумлијска бања во Србија, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Белград инсистира на формирање на Заедница на општини со српско мнозинско население како услов за спроведување на планот на ЕУ, додека косовскиот премиер Албин Курти вели дека ова прашање не е централно и дека не е споменато во планот како предуслов.

Инаку, Заедницата на српски општини е договрена во рамките на дијалогот помеѓу Србија и Косово, кој повеќе од десет години се води со посредство на Европската Унија. И покрај тоа Приштина одбива да ја формира Заедницата со образложение дека не е во согласност со Уставот на Косово.

Косовскиот премиер претходно изјави дека на Приштина и е потребно взаемно признавање со Србија и дека без решение на ова прашање нема да има конечен договор.

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика денеска рече дека предлогот на ЕУ е на маса и дека ги повикува лидерите на Србија и Косово да се вратат во Брисел наскоро, односно за неколку недели за „дефинитивно да го протуркаат овој педлог“.

„Ќе побарам од лидерите силна поддршка за да се избегне каква било ескалација и ќе побарам од нив сериозно да работат на овој предлог, што е единствениот начин да се обидеме да ги решиме и нормализираме односите меѓу Косово и Србија“,

нагласи Борел.

Предлогот на ЕУ е доставен до властите во Приштина и Белград, а е поддржан од Франција, Германија и САД.

Косовскиот премиер претходно изјави дека овој план е добра основа за дијалог, додека претседателот на Србија изјави дека е подготвен да работи на негова имплементација.

Предлогот на ЕУ предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница во Косово. Од Србија, пак се бара да не се меша во членството на Косово во меѓународните организации, но не се споменува експлицитно заемно признавање или членство на Косово во Обединетите нации, пишува РСЕ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечерва и официјално се очекува одлуката дали Алијанса ќе влезе во Владата – Гаши молчи и повторно му „намигнува“ на Мицкоски?

Следно

За лекот за цистична фиброза „трикафта“ одобрени над 2,2 милиона евра, дадени насоки за итна набавка

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop