Вучиќ: Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија

February 3, 2023
1 min read

По неодамнешната средба со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ изјави дека Србија е „подготвена да го прифати концептот на европскиот план“ и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалог со Косово

Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија, им порача претседателот Александар Вучиќ на парламентарните претставници со кои вчера имаше остар вербален конфликт, додавајќи дека не е среќен поради тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што не го сторил тоа претходно.

-„Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичка посветеност на нашето раководство“,

рече Вучиќ, пренесе „Н1 Србија“.

Претходно вчера претставници на опозицијата, извикувајќи „Предавство“, „Косово е Србија“ и обвинувајќи го за предавство на Косово, го прекинаа претставувањето на Вучиќ на предлогот на Европската Унија за решение на косовското прашање, а вербалниот конфликт беше на работ на физичка пресметка.

Српскиот претседател јасно кажа дека не му се допаѓа европскиот предлог.

„Ги претставив најлошите детали од договорот за да укажам на тежината на ситуацијата“,

рече Вучиќ на специјалната седница на српскиот парламент за Косово, на која се очекуваше да ги запознае претставниците со француско-германскиот план за решавање на косовското прашање.

По неодамнешната средба со претставниците на САД и ЕУ, Вучиќ изјави дека Србија е „подготвена да го прифати концептот на европскиот план“ и да работи на имплементација на предложениот договор за дијалог со Косово, а потоа беше изложен на притисок да го претстави планот пред парламентот, што ни вчера не го направи во целост, туку тврдеше дека се работи за документ кој има статус на „нон пејпер“.

Денови пред седницата Вучиќ повикуваше на „национално единство“.

„Неподносливата леснотија на неодговорноста го прогонува нашиот народ“,

рече Вучиќ и потврди дека водењето на државата бара огромна одговорност.

Предлогот на ЕУ, поддржан од Германија, Франција, Италија и САД, беше претставен пред Белград и Приштина во септември и декември минатата година и предвидува почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница во Косово. Белград инсистира дека формирањето на Заедницата на српските општини на Косово е клучна точка за продолжување на натамошниот дијалог за конечното решение.

Вучиќ рече и дека Белград „не може да го спречи приемот на Косово во Советот на Европа и НАТО“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Германија купува 15 тенка „гепард“ од Катар, сака да ги продаде на Украина

Следно

ЕК вети нов пакет помош за Украина од 450 милиони евра

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop