Вучиќ: Пред Србија е тешка година – една од најтешките во модерната историја

January 18, 2023
1 min read

Во сабота или недела ќе и се обратиме на јавноста со нови мерки и ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и санкциите против Русија, рече Вучиќ

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Давос изјави дека Србија се соочува со критична година, веројатно една од најтешките во модерната историја на политички и економски план.

Тој на Светскиот економски форум во Давос изјави дека од разговорот може да се види дека единственото нешто што сите ги интересира се санкциите против Русија и независноста на Косово.

Како што рече, в петок ќе се сретне со претставниците на Германија, Франција, САД, Италија и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, и оцени дека тоа ќе биде „многу, многу тежок разговор со светските најголемите сили“.

Тој додаде дека потоа ќе има консултации на државниот врв.

„Во сабота или недела ќе и се обратиме на јавноста со нови мерки и ќе кажеме што се бара и очекува од Србија во однос на Косово и санкциите против Русија“,

рече Вучиќ.

Запрашан за изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека може да се постигне договор во следните неколку месеци доколку има волја, Вучиќ рече: „Тоа може да се направи задутре, доколку се откаже од своите сецесионистички намери“.

Тој додаде дека Европскиот парламент усвоил резолуција во која делот за Косово е многу попроблематичен во однос на воведувањето санкции против Русија.

Како што рече, тие го поздравија барањето за членство на Косово во ЕУ, повикаа на интензивирање на процесот на дијалог заснован на взаемно признавање и ги осудија ескалирачките потези на Србија, како и констатираа дека независноста на Косово е неповратна и ги повикаа земјите членки кои го немаат признаено Косово да го сторат тоа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Косово граѓаните повикани да носат маски и да се вакцинираат

Следно

Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop