Вучиќ: Единствената цел на Приштина се провокации за да нè вовлечат во војна со НАТО

April 13, 2023
1 min read

Вучиќ оцени дека премиерот на Косово, Албин Курти, инсистира да се одржат избори на северот на Косово, на кои, како што рече, ќе учествуваат партиите на Курти и Тачи, за градоначалниците да бидат од тие партии, а потоа да кажат дека тие општини на север не сакаат да бидат дел од Заедницата на српските општини (ЗСО)

Единствената цел на Приштина е да ги испровоцира Србите и да ја вовлечат Србија во конфликт со НАТО, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на средба со Србите од Косово во Рашка.

„Знам дека донесовте одлука да не учествувате на изборите. Ги повикувам сите во КиМ да се обединат. Повик до сите како што сте донеле одлука така и да се однесувате и да го почитувате тоа“,

рече Вучиќ во Рашка.

Тој додаде дека локалните избори во четири општини на северот на Косово значат дека 99 отсто од граѓаните не се прашуваат ништо и иронично истакна дека „претпоставува дека ова е демократија која, ако ја загрозиме, ќе бидеме тирани и ја нарушуваме стабилноста на Балканот“.

„Нивната единствена цел е да извршат што повеќе и што е можно посилни провокации за да можат да се претстават како некој вид загрозен Зеленски и да не доведат во конфликт со НАТО, а потоа да го ослободат целиот свет од, како што велат, руски слуги. Тоа е целата смисла на сè што прават“,

изјави Вучиќ.

Тој оцени дека премиерот на Косово, Албин Курти, инсистира да се одржат избори на северот на Косово, на кои, како што рече, ќе учествуваат партиите на Курти и Тачи, за градоначалниците да бидат од тие партии, а потоа да кажат дека тие општини на север не сакаат да бидат дел од Заедницата на српските општини (ЗСО).

Вучиќ смета дека Курти инсистира да се одржат изборите за да каже – сакавме да формираме ЗСО, но Митровица, Зубин Поток и Звечан повеќе не се српски општини и не сакаат да се приклучат на ЗСО. Тој додаде дека ова на Курти би му купило уште шест месеци или една година додека „не помине окупацијата наметната од Курти“, за Западот на тоа да каже – не се мешајте во тоа.

„Да не ги попречуваме во тоа што 0,67 или 0,86 граѓани избираат свои претставници, а останатите 99 отсто не се прашуваат ништо. А тоа е, претпоставувам, таа демократија, која ако ја загрозиме ќе бидеме тирани, разрушувачки фактор“,

изјави Вучиќ.

Тој се осврна и на проблемот со регистарските таблички на Косово.

„Вчера до Брисел го проследивме нашиот последен предлог, кој е повеќе од компромисен од наша страна, и ако не го прифатат, не можам да кажам дека ќе спроведеме реципрочни мерки, бидејќи не сме исти во правниот и политичкиот статус, но ќе преземеме мерки кои ќе направат значаен и сериозен одговор на страната која користи сила и апарат на репресија за да ги малтретира нашите граѓани“,

рече Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Средношколци од две скопски училишта се истепале за девојка

Следно

Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина

Latest from Blog

Македонката Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио

Македонската диригентка Елена Митревска од 1 јануари ќе биде уметничка директорка на двата хора на Данското Радио. „Воодушевени сме што започнуваме блиска нова соработка со Елена Митревска како уметничка директорка. Со нејзиниот

Во Москва почна парадата на победата над фашизмот, Путин: Наша должност е да ја браниме руската армија

Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со

Уапсен е убиецот на 25 годишниот странски државјанин

Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Штип е известено
Go toTop