Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните армиски единици

1 min read

Неопходно е да се изврши организациско проширување на мирновременската и воената организација на специјалните сили на српските вооружени сили до проектираната нумеричка состојба, се наведува во одлуката која ја донел Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ донесе одлука за зголемување на бројот на специјалните армиски единици.

Oдлуката е донесена врз основа на член 24 став 4 од Законот за претседателот на Републиката и член 17 точка 3 од Законот за вооружените сили на Србија.

„Неопходно е да се изврши организациско проширување на мирновременската и воената организација на специјалните сили на српските вооружени сили до проектираната нумеричка состојба. Mинистерот за одбрана и началник на генералниот Штабот на Вооружените сили на Србија ќе ги донесе потребните акти за спроведување на оваа одлука“,

се наведува во одлуката.

Српскиот претседател Вучиќ, во средината на јануари, по состанокот во Домот на гардата на српската војска во Топчидер, на кој му беа презентирани резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на Армијата за 2022 година, изјави дека во наредниот период армијата повеќе ќе се фокусира на беспилотни летала и дронови од домашно производство, како и дека ќе се работи на зајакнување на специјалните единици.

„На Националниот празник ќе издадам наредба како врховен командант, а потоа началникот на Генералштабот ќе распише конкурс за прием на млади мажи и жени во специјални единици, до 5 000 луѓе“,

рече Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Лажна е пријавата за поставена бомба во скопско училиште

Следно

Лажна е пријавата за поставена бомба во средното скопско училиште

Latest from Blog

„КЕЈТ Е ВО КОМА, ЛУЃЕ ВКЛУЧЕТЕ ГО МОЗОКОТ“: Нова теорија на заговор поради потегот на кралот Чарлс трети, драмата околу здравјето на Кејт не стивнува во светот!

Драмата околу здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон продолжува, а последниот потег на кралското семејство наведе