Втора зима под израелски напади жителите на Газа се обидуваат да преживеат во импровизирани шатори

December 30, 2024
2 mins read

ГАЗА (АА)

– Мухамед АБУ ДУН

Во Појасот Газа, каде што Израел спроведува брутални напади повеќе од една година, раселените Палестинци кои живеат во импровизирани шатори, по бомбардирањата, гладот и болестите, со доаѓањето на зимата се обидуваат да го преживеат големиот студ, пишува Анадолу.

Во Појасот Газа, со популација од приближно 2,3 милиони жители, израелскиот геноцид продолжува повеќе од 15 месеци.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), девет од секои 10 луѓе во Газа се раселени поради израелските напади.

Мнозинството раселени Палестинци во Газа се принудени да живеат во импровизирани шатори поради големите уништувања предизвикани од израелските бомбардирања и гранатирања.

Како што времето станува сѐ поладно, условите за живот на Палестинците во Газа стануваат уште потешки.

Покрај големиот зимски студ, два милиона раселени Палестинци се соочуваат и со хуманитарна катастрофа.

Палестинците во регионот, каде што нема никакви можности, немаат ниту пристапат до основните животни потреби, како што се облека, кревети и ќебиња.

Телата на бебињата во импровизираните шатори, во кои се наоѓаат со своите семејства, ја губат борбата за живот поради студеното време.

Поради големиот студ во последната недела животите ги загубија седум лица, од кои шест бебиња, во Појасот Газа, каде што Израел продолжува со нападите од 7 октомври 2023 година и го расели речиси целото население.

Немајќи каде да одат, Палестинците кои побараа засолниште во Ал-Маваси, се обидуваат да преживеат, борејќи се со гладот, жедта и големиот студ.

Цивилите раселени повеќепати, во услови на голем студ и бомбардирања, се обидуваат да останат во живот во искинати шатори од текстил и најлон, кои повеќе не се употребливи со доаѓањето на зимата.

Палестинците, кои вторпат ја минуваат зимата во овие шатори, изложени на дожд и студ, се борат со разни болести предизвикани од студеното време.

Во лошите временски услови, поради дождот, често се поплавуваат шаторите во кои престојуваат жени, деца и стари лица.

– Регион Ал-Маваси

Мнозинството бегалци живеат во регионот Ал-Маваси, кој се протега по должината на медитеранскиот брег од градот Деир ал-Балах​​​​​​​ во централниот дел на Појасот Газа до јужниот град Рафа.

Според податоците објавени од меѓународната хуманитарна организација Оксфам, 1.700.000 луѓе биле принудени да се засолнат во регионот од почетокот на нападите врз Газа на 7 октомври 2023 година.

– Дотраени се 81 % од шаторите

„Целосно се дотраени 81 % од шаторите во кои се сместени раселените цивили во Појасот Газа. Приближно 110.000 од 135.000 шатори се неупотребливи“, се вели во писменото соопштение на владината Канцеларија за медиуми во Газа.

Посочувајќи на фактот дека условите за живот на раселените станале потешки со доаѓањето на зимските месеци и почетокот на големиот студ, во соопштението се вели:

„Израел уште еднаш е причина за нова човечка трагедија што ги загрозува животите на илјадници бегалци.“

Во соопштението се наведува дека бегалците преживуваат во тешки услови оставени на улица откако Израел им ги уништил домовите и се потсетува дека некои бегалци, меѓу кои има и бебиња, ги загубиле животите последните денови бидејќи не можеле да го издржат студот.

„Речиси еден милион раселени луѓе живеат во шатори направени од текстил повеќе од една година, кои повеќе не се употребливи“, се вели во соопштението, истакнувајќи дека во регионот се доживува хуманитарна катастрофа поради геноцидот од страна на израелските сили, кои уништија илјадници домови и ги оставија Палестинците без покрив над главата, принудувајќи ги да живеат во несоодветни шатори.

– Се очекува намалување на температурите

Во соопштението се повикува меѓународната заедница да преземе итни мерки и ефективни и итни чекори за да се запре злосторничкиот геноцид од страна на Израел и се бара на секое палестинско семејство да му се обезбеди засолниште.

Покрај тоа, се повикуваат арапските и исламските земји, како и сите хуманитарни и меѓународни организации да преземат итна акција за спасување на цивилите во Појасот Газа обезбедувајќи им основно засолниште, храна и лекови и гарантирајќи им ја безбедноста.

Палестинската цивилна одбрана во Појасот Газа издаде упатства за раселените лица особено да се води грижа децата, болните и постарите лица да се избегнува да се изложуваат на опасностите од екстремен студ.

Дирекцијата за цивилна одбрана во Газа, исто така, во соопштение рече дека се очекува намалување на температурите во Палестина и Газа и ги советуваше раселените луѓе да стават топли завои на делови од телото, како што се рацете и нозете, да ги тријат одвреме-навреме и постојано да ја следат температурата на телото на децата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек

Следно

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

Latest from Blog

Мицкоски: Наместо ние да се европеизираме, процесот на пристапување во ЕУ се балканизираше

Процесот на пристапување во Европската унија со ваквиот начин на одлучување се балканизираше, наместо ние да се европеизираме, вели во новогодишното интервју за МИА премиерот Христијан Мицкоски, кој нагласи дека ниту еден

Првото бебе од Крива Паланка е машко, се роди вчера на Гинекологијата во Чаир

Првото бебе родено во новата година, жител на Крива Паланка, се роди вчера попладне, на гинеколошко – акушерската болница во Чаир, Скопје. Момчето го донесе на свет по природен пат, 25-годишната мајка

Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница

Во Собранието прва со работа утре во новата 2025 година ќе започне Комисијата за прашања на изборите и именувањата чиј што претседател закажа седница за утре напладне. За 10 јануари, пак, е
Go toTop