Втора средба на Трамп и Нетанјаху оваа недела, разговараат за прекин на огнот во Газа

July 9, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по втор пат оваа недела, во рамките на напорите за постигнување договор за прекин на огнот во Газа, јавува Анадолу.

Разговорите во Овалната соба траеја повеќе од еден час, без присуство на медиуми, по подолгата вечера во Белата куќа во понеделникот за време на третата посета на Нетанјаху на САД откако Трамп го започна својот втор мандат во јануари.

На официјалниот профил на Нетанјаху на X беше објавена кратка изјава по состанокот, во која се вели дека премиерот „ја завршил својата втора средба“ со претседателот Трамп.

Катарска делегација пристигна во Белата куќа пред состанокот на Трамп и Нетанјаху и разговараше неколку часа со високи официјални претставници, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извор запознаен со дискусиите.

Не беше издадено соопштение од Белата куќа.

Претходно вчера, Нетанјаху се сретна со потпретседателот ЏД Венс и го посети Капитол Хил, изјавувајќи за новинарите по состанокот со претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, дека Израел сè уште треба да „ја заврши работата“ во Газа, вклучително и ослободување на заложниците и уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас.

Тој рече дека можеби ќе разговара за дополнителни прашања со Трамп подоцна за време на посетата.

Специјалниот американски пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, вчера изјави дека се надева оти до крајот на неделата ќе биде постигнат договор за 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа, по напредокот во разговорите.

„Имавме четири проблеми, а сега ни остана само еден по два дена разговори“, рече Виткоф на состанокот заедно со Трамп.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пожарот во Чучер Сандово изгаснат – хеликоптер од утрово гаси во Дојран, ер-трактор ќе дејствува во Македонски Брод

Следно

Донарума го посети Мусиала во болница

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop