Врие во влада: Вработените се закануваат со штрајк, власта со казни

May 31, 2023
1 min read

За прв пат во модерната историјата можно е да се случи пред Влада да протестираат вработените од владата. Ваквите случувања се резултат на немањето слух на надлежните за покачување на платите на вработените, вели извор за Курир.

Имено, добро упатени извори пренесуваат дека после покачувањата на платите од Министерство за финансии, Собрание и некои други институции, а особено после покачувањето на платите на функционерите од 78% револтот кај вработените во Влада станува се поголем и поголем, особено после негативните сигнали дека за покачување на нивните плати- пари нема.

Изворите брифират дека веќе подолг временски период преку Синдикалната организација на вработените во Владата течеле разговори околу покачување на платата на вработените. Разговорите пред се биле водени од генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, кој како што брифираат изворите имал целосно разбирање за барањата на вработените, ги поддржувал и ги пренесувал нивните барања.

Сепак, на разочарување на вработените резултат од сите тие активности немало и синдикатот кој формално е дел од УПОЗ најавиле протест пред Влада за 06.06.2023 година. После таквата најава, во текот на денешниот ден од страна на шефот на кабинет на Премиерот, Мартин Попов, на разговор бил повикан претседателот на синдикатот Гоце Боболински, притоа се инсистирало да дојде сам.

На тој состанок биле упатени барања да се откаже протестот, да се добие повеќе време да се разгледаат барањата, но и низа закани, најави за казни, прераспределувања, укинувања на сектори и разни други притисоци кон вработените. За време на тој состанок внатре во Владата започнало спонтано собирање на вработените на кои подоцна им биле пренесени барањата и заканите.

Ова создало дополнителен револт и гнев кај вработените, кои сепак на состанок одлучиле да дадат дополнително време за разговор, но во исто време едногласно ги отфрлиле заканите и најавиле дека нема вечно да ги трпат овие игри на купување време, а особено не методите на заплашување и притисоци.

Брифираат дека по прашањето има целосна едногласност и сплотеност и дека во најкус можен рок ако нема решени за покачување на платите ќе дојде до протест, штрајк и до блокада на самата Влада од внатре, од оние кои ја вршат целата работа на Владата, а очигледно на никој од функционерите не им се битни нивните примања.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Еди Рама: „Силата на Војската на Србија на границата со Косово е еднаква на нула“

Следно

Катастрофа – не е фер, вели Курти откако Американците го исклучија Косово од воена вежба

Latest from Blog

Килијан е ЧУДО: Мбапе го урна рекордот на Жиру, сега е блиску и до оној на Клосе!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска

Македонската берза во минус: МБИ10 се намали за 0,10 отсто, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.718,13 поени. Во однос на

Полувреме во Њу Џерси: “Страшната“ Франција игра СТРАШНО здодевно

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Франција – Сенегал 0:0 по првото полувреме од меч од 1.коло во групата И на ова СП. Светскиот вицешампион и веројатно најголем фаворит за титулата просто разочара. Едноставно кажано “СТРАШНАТА“ Франција

Г7 врши притисок врз Путин: „Стопирај ја војната“

Г7 разгледува дополнителни санкции насочени кон приходите од енергија на Русија, кои се еден од главните извори на финансирање на воените напори, објави Франс 24, повикувајќи се на француски дипломатски извор. Лидерите,
Go toTop