Времен сообраќаен режим на улицата „Александар Урдаревски“

March 15, 2023
1 min read

ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека на денес почнуваат подготвителните активности за реконструкција на коловозната површина на улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до улица „Нов Живот“, односно од првата улица за влез во гробишта„Бутел“ потег кој завршува до ул. „Нов Живот“ во рамки на границите на ГУП.

Првата фаза пред почетокот на градежните работи е расчистување на просторот од двете страни на коловозот од отпад и грмушки околу трасата, со цел да се обезбедат услови за понатамошните активности, а во текот на наредните денови ќе започнат и со отстранување на старата и оштетена коцка на улицата (макадамски пат од гранитна коцка).

Со започнувањето на градежните активности кои ќе се одвиваат етапно, прво по едната коловозна лента, а потоа на другата, во текот на наредните денови ќе биде воведен и времен режим на сообраќај кој ќе важи до завршување на градежните работи.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Акар: „Туркије внимателно ја следи ситуацијата по соборувањето на беспилотното летало над Црно Море“

Следно

Надлежната владина Комисија утре се очекува да се изјасни за името на клубот „Ванчо Михајлов“

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop