ВРЕДИ и ЕФ согласни за едно прашање: „Бранителите“ може да поминат доколку се вклучат и екс војниците на ОНА

November 7, 2024
1 min read

Предлогот за измена на законот за „Бранителите“ може да се изгласа само доколку ги вклучи ветераните на ОНА и семејствата на загинатите во конфликтот во 2001 година, е ставот и на албанската коалиција во Владата, ВРЕДИ и на опозицискиот Европски фронт. Од коалицијата ВРЕДИ велат дека ќе овозможат деблокирање на законот само под еден услов, ист третман на поранешните припадници на ОНА.

-Со 22-годишното владеење, ДУИ, никогаш не се сети вакво нешто да се обезбеди за војниците на ОНА. Ние во владата што ја имаме сега гарантиравме дека законот за бранители нема да помине и стоиме зад она што го кажавме. Ако евентуално има вакво нешто, дефинитивно треба да се приклучат и правата што ќе треба да ги уживаат поранешните војници на ОНА, инаку нема да помине, изјави Дритон Сулејмани од АА/ВРЕДИ.

И од ЕФ велат дека ќе ја поддржат секоја иницијатива која би била сеопфатна. Арбр Адеми од ДУИ за ТВ21 изјави дека ова би било најдобро решение за двете страни.

-Во секој случај, државата не треба да има став за едната страна, нудејќи бенефиции и грижа, а за другата страна да не води сметка. Сметаме дека инклузивен закон во кој ќе бидат опфатени сите страни кои настрадаа од војната, ќе ја има поддршката и од ДУИ и другите партии во Собранието. Мислам дека по 23 години од војната во 2001 година, политичките партии не треба да се водат од дневните политики, изјави Арбр Адеми од ДУИ/ЕФ.

Законот за Бранителите првпат беше одобрен во 2002 година, за сите ветерани и семејства на загинатите од страна на државните полициски и воени сили за време на конфликтот во земјата во 2001 година. Досега овој закон неколкупати претрпе измени и дополнувања, додека последниот предлог поднесен од СДСМ беше блокиран во матичната комисија во Собранието од пратеници Албанци од два блока, власта и опозицијата.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, пред неколку дена, говорејќи во Дејли Клик, рече дека се подготвени да седнат и да разговараат, заедно со предложените измени на Законот за Бранителите да се најде решение и за статусот на поранешните војници на ОНА и нивните семејства.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сиљановска Давкова – Прескер: Македонските евроинтеграции да се базираат на критериумите кои важат за другите кандидати

Следно

Бајден: „Мирно ќе ја предадам претседателската функција на 20 јануари“

Latest from Blog

Косово: ДПК, ДСК и АБК потврдија дека ќе учествуваат на состанок кај претседателката Османи

Демократската партија на Косово (ДПК), која ја повика претседателката на Косово Вјоса Османи да свика средба со партиите за да се разговара за ситуацијата во собранието, потврди дека ќе учествува на состанокот

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова

Во земјава се одбележува 9-ти Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

По повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, владина делегација денеска ќе положи цвеќе на спомен обележјето на Партизанските гробишта Бутел во Скопје.  Во делегацијата ќе бидат заменик претседателот

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во
Go toTop