Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи на 47 лица. Швајцарскиот претседател Ги Пармелин ја опиша несреќата како една од најтешките трагедии во историјата на земјата.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи прикажуваат драматични сцени каде околу 200 гости во паника се обидуваат да избегаат од пламенот.
Поради преголемата концентрација на луѓе и недоволниот број на сигурносни излези, многумина биле принудени да скокаат низ прозорците.
Деветнаесетгодишниот сведок Оскар го опишува ужасот како сцена од хорор филм.
„Луѓето удираа по дебелите стакла и врескаа. Кај некои лицата им беа целосно изгорени, но поради адреналинот ме прашуваа дали се повредени бидејќи не чувствуваа ништо“, раскажува тој.
Повеќето од гостите биле млади на возраст од 15 до 20 години.
ВНИМАНИЕ! СЛЕДУВА ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО!
Извор: tv21


