Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

January 1, 2026
1 min read

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА.

Толпите луѓе им пркосеа на ниските температури за да ги видат танчерите облечени како нарциси и поворката од „Mokes“ – мали возила со отворен покрив. Ова се случува откако 100.000 луѓе го гледаа новогодишниот огномет од бреговите на реката Темза.

Градоначалникот Садик Кан ги поздрави прославите во главниот град како „најдобри во светот“.

Спектакуларното шоу – придружено со музика од изведувачи како Реј, Сабрина Карпентер, Ед Ширан и Колдплеј и со гласови на ѕвезди како Силија Имри, Ендрју Котер и Алисон Хамонд – прослави дел од најважните моменти од 2025 година.

Меѓу признаените достигнувања беа триумфот на женската рагби репрезентација на Англија на Светското првенство, одбраната на европската титула на англиските фудбалерки („Lionesses“) и победата на Рајдер куп Европа, додека имаше и осврт кон филмот „Wicked: For Good“.

Во изјава за „Press Association“, градоначалникот Кан рече: „Посветуваме многу време и труд на организирање на нашите новогодишни прослави – темата на вечерашната прослава е заедништвото.“

– Мислам дека различноста е сила, а не слабост – таа нè прави побогати, а не посиромашни, посилни, а не поослабени. Сметам дека може да бидете горд жител на Лондон, но и некој чија земја на потекло е некаде низ светот, додаде тој.

– Воодушевен сум што уште еднаш покажавме зошто новогодишните прослави во Лондон се најдобри во светот, нагласи Кан.

Повеќе од 12.000 ракети и над 400 светла го осветлија ноќното небо околу „Лондонското око“ (London Eye), со холографски анимации кои го надополнија најголемиот годишен огномет во Европа во преносот на Би-Би-Си.

Трејси Халивел, директорка за туризам во „London and Partners“, изјави: „Секогаш е фантастично да се видат жителите на Лондон и посетителите од целиот свет како се здружуваат и ја пречекуваат новата година во Лондон“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сити испушти бодови против Сандерленд, празно реми на Брентфорд и Тотенхем

Следно

Новогодишната честитка на Северина: „Да вежбам 4 пати неделно, да читам, да патувам…“

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop