Вооруженото крило на Хамас ја потврди смртта на теренски командант во израелските воздушни напади врз Либан

September 24, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Военото крило на палестинската група на отпорот Хамас, Бригадите Ал-Касам, објави дека еден од нивните теренски команданти загинал вчера во еден од израелските воздушни напади врз Либан, пренесува Анадолу.

Бригадите Ал-Касам преку соопштение потврдија дека Хусеин Махмуд ал-Надер, теренски командант од градот Марџајун во јужната либанска губернија Набатије, бил убиен во воздушен напад вчера.

Претходно Хамас објави дека 40 ракети биле истрелани од либанска територија кон Северен Израел, што укажува на значителна ескалација на непријателствата меѓу двете страни.

Израелските медиуми, повикувајќи се на воени извори, објавија дека 20 ракети биле лансирани од Либан, некои биле пресретнати, а други паднале на отворен простор.

Израел започна низа воздушни напади врз Јужен и Источен Либан, а либанските здравствени власти соопштија дека загинале најмалку 492 лица, меѓу кои 35 деца, а 1.645 се повредени во нападите од вчераутро, кои принудија илјадници цивили да ги напуштат своите домови.

Хезболах и Израел разменуваат прекуграничен оган од почетокот на израелската војна во Газа, во која досега загинаа над 41.400 луѓе, од кои мнозинството се жени и деца, по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грчките медиуми за вчерашната средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк

Следно

Марка: Винисиус ќе ја освои Златната топка

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop