Волстрит порасна, акциите на технолошките гиганти скокнаа

April 7, 2023
1 min read

Денеска ќе биде објавен извештајот за работните места во САД, кој вообичаено има значителен ефект на пазарот. Сепак, овој пат нема да има реакција од инвеститорите бидејќи Волстрит во петок е затворен поради празникот

На Волстрит вчера берзанските индекси пораснаа, благодарение на растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, но тргувањето беше претпазливо поради ризикот од рецесија на американската економија.

Dow Jones зајакна 0,01 отсто, на 33 485 поени, додека S&P 500 порасна за 0,36 отсто, на 4 105 поени, а индексот Nasdaq 0,76 отсто, на 12 087 поени.

Растот на S&P 500 и Nasdaq индексот главно се должи на силниот скок на цените на акциите на технолошките гиганти, како Alphabet и Microsoft.

Тргувањето беше мирно бидејќи многу инвеститори веќе заминаа на одмор за велигденските празници, па обемот на тргување беше слаб.

Дополнително, инвеститорите се претпазливи, со оглед на тоа дека сите најнови податоци покажуваат дека растот на американската економија забавува, па постои ризик од рецесија.

Денеска ќе биде објавен извештајот за работните места во САД, кој вообичаено има значителен ефект на пазарот. Сепак, овој пат нема да има реакција од инвеститорите бидејќи Волстрит во петок е затворен поради празникот.

Аналитичарите проценуваат дека во март бројот на вработени се зголемил за 239 000, побавно во споредба со 311 000 во февруари.

И додека „заладувањето“ на пазарот на труд негативно се одразува на растот на економијата, позитивно влијае на прашањето за сузбивање на инфлацијата.

Ова, пак, ги поддржува надежите на инвеститорите дека поради слабеењето на инфлаторните притисоци и забавувањето на економскиот раст, американската централна банка ќе го запре циклусот на зголемување на каматните стапки.

На пазарот на пари, се проценува дека има речиси 60 отсто шанси ФЕД дополнително да не ги зголеми каматните стапки во мај, додека шансите за зголемување од 0,25 процентни поени се намалија на само 40 отсто.

Многумина проценуваат и дека ФЕД ќе започне со намалување на каматните стапки од седницата во јули.

Во целата мината недела Dow Jones зајакна 0,6 отсто, но S&P 500 се лизна за 0,1 отсто, а Nassaq индексот 1,1 отсто.

На европските берзи, пак, вчера поскапеа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна за 1,03 отсто, на 7 741 поен, додека франкфуртски DAX порасна за 0,50 отсто, на 15 597 поени, а париски CAC 0,12 отсто, на 7 324 поени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Поради ледена бура повеќе од еден милион луѓе во Квебек се без струја

Следно

Протести во Франција: 111 приведени, повредени 154 полицајци

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop