Волстрит достигна највисоки нивоа во последните пет месеци

February 3, 2023
1 min read

Најголем добитник вчера беше акцијата Мета, која порасна за цели 23 отсто, остварувајќи највисок дневен раст од 2013 година

На Волстрит во четвртокот, S&P 500 и Nasdaq индексот ги достигнаа своите највисоки нивоа во речиси пет месеци, благодарение на смирувачките пораки од претседателот на ФЕД Џером Пауел за натамошно заострување на монетарната политика.

Индексот S&P 500 во четвртокот порасна за 1,47 отсто, на 4 179 поени, а индексот Nasdaq за 3,25 отсто, на 12 200 поени.

И додека тие два индекса достигнаа највисоки нивоа за речиси пет месеци, индексот Dow Jones ослабна за 0,11 отсто, на 34 053 поени, најмногу под притисок на падот на цените на акциите во фармацевтскиот сектор.

Инвеститорите сè уште ја одмеруваат одлуката на ФЕД во средата да ја зголеми основната каматна стапка осми пат по ред, за 0,25 процентни поени, на опсег од 4,50 до 4,75 отсто, што е ново највисоко ниво од 2007 година, како и изјавата на Пауел дека напредокот е постигнат во борбата против инфлацијата.

Најголем добитник вчера беше акцијата Мета, која порасна за цели 23 отсто, остварувајќи највисок дневен раст од 2013 година, на крилата на подобриот од очекуваниот приход во последниот квартал и најавата за откуп на акции во вредност од 40 милијарди долари. .

Цените на другите големи технолошки компании исто така пораснаа благодарение на тие резултати, при што акциите на Алфабет пораснаа за 7,3 отсто, Амазон 7,4 отсто и Епл за 3,7 отсто.

Технолошките акции се покажаа значително подобри од почетокот на оваа година отколку минатата година, благодарение на ублажувањето на инфлацијата што ги натера инвеститорите да очекуваат ФЕД наскоро да ја прекине својата агресивна кампања за зголемување на каматните стапки.

Секторот за информатичка технологија S&P 500 е во пораст за повеќе од 14 проценти од почетокот на годината, откако минатата година падна за повеќе од 28 проценти.

Од друга страна, акциите на фармацевтските компании во четвртокот имаа нешто полошо остварување, најмногу под притисок на падот на цената на акциите на Мерк за 3,3 отсто поради послабата од очекуваната прогноза за овогодинешната заработка.

Најважните индекси силно пораснаа и на европските берзи, откако Европската централна банка и Банката на Англија ги зголемија каматните стапки за очекуваните 0,5 процентни поени.

Паневропскиот индекс Stoxx 6000 се зголеми за 1,35 отсто во четвртокот. Истовремено, германскиот DAX скокна за 2,16 отсто, на 15 509 поени, париски CAC за 1,26 отсто, на 7 166 поени, а лондонски FTSE за 0,76 отсто, на 7 820 поени.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски: Најголем процент од албанските политичари кои во кампањата излегоа против власта, сега ќе бидат дел од истата

Следно

Сончев ден, утре променливо време со снег

Latest from Blog

И 41-от обид за конституирање на собранието на Косово заврши неуспешно

Конститутивната седница на собранието на Косово денеска беше прекината по 41-ви пат, откако повторно не беше усвоен предлогот на Самоопределување гласањето за избор на претседател на собранието да биде тајно. Демократскиот сојуз

Швајцарска нуклеарна централа целосно исклучена поради жешко време

Повеќе од 50 години старата швајцарска нуклеарна централа Безнау, лоцирана близу германската граница, го исклучи својот втор реактор поради високите температури. Исклучувањето нема никаква врска со безбедноста на реакторите, туку е поврзано

Една година Министерство за дигитална транформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски  одржа брифинг со новинарите по повод една година од формирањето на министерството. Андоновски ги презентираше постигнувањата на министерството во изминатата година, а се презентираа и плановите

Турција најостро го отфрли повикот на израелските претставници за анексија на Западниот Брег

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција денес ги отфрли „на најостар начин“ изјавите на израелските политичари и министри од Кабинетот што повикуваат на анексија на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу. Ваквите изјави се јасен

Вознемирувачко ВИДЕО од местото каде што загина Диого Жота: Погледнете што останало од автомобилот

Ужасна вест ја вознемири фудбалската јавност, откако Диого Жота (28) , фудбалер на Ливерпул и репрезентативец на Португалија, загина во сообраќајна несреќа, заедно со неговиот брат Андре Силва (26). Тие биле на
Go toTop