Волстрит благо порасна, инфлацијата во САД попушта

May 11, 2023
1 min read

Инвеститорите беа фокусирани на вчерашните податоци за инфлацијата, кои беа во согласност со очекувањата. На месечна основа, потрошувачките цени во април пораснале за 0,4 отсто, додека растот на годишна основа забави од 5 на 4,9 отсто

На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, како и Nasdaq, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податоците кои покажуваат дека американската инфлација постепено се намалува. Dow Jones ослабе за 0,09 отсто, на 33 531 поен, додека S&P 500 зајакна за 0,45 отсто, на 4 137 поени, а индексот Nasdaq за 1,04 отсто, на 12 306 поени.

Инвеститорите беа фокусирани на вчерашните податоци за инфлацијата, кои беа во согласност со очекувањата. На месечна основа, потрошувачките цени во април пораснале за 0,4 отсто, додека растот на годишна основа забави од 5 на 4,9 отсто.

Инфлацијата постепено попушта откако го достигна својот врв на 9 отсто во средината на минатата година, но сепак е значително повисока од целното ниво од 2 отсто на американската централна банка. Иако не се спектакуларни, новите податоци за инфлацијата го зајакнаа верувањето на инвеститорите дека ФЕД ќе ги задржи каматните стапки на сегашното ниво неколку месеци додека ситуацијата не стане појасна.

„Пазарот реагираше позитивно бидејќи инвеститорите сметаат дека податоците за инфлацијата се малку позитивни. По последното зголемување на каматните стапки, очекуваме ФЕД да не ја заостри монетарната политика во наредните месеци, туку да чека понатамошен развој на ситуацијата“,

вели Мајкл Харис, претседател на фондот „Квест партнерс“.

За растот на S&P 500 и Nasdaq индексите главно придонесе растот на цените на акциите на технолошките гиганти. Цената на Алфабет скокна за повеќе од 4 отсто, додека акциите на Епл и Мајкрософт пораснаа за повеќе од 1 отсто.

На европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,29 отсто, на 7 741 поен, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,37 отсто, на 15 896 поени, а париски CAC 0,49 отсто, на 7 361 поен.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пиоли: Мора да веруваме и во реваншот

Следно

Во новите израелски напади на Газа загинаа три лица

Latest from Blog

„Израел не сака мир во регионот, ги крши сите принципи на меѓународното право“, истакна шефот на турската дипломатија

ВАШИНГТОН (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во средата остро го критикуваше Израел за спроведување агресивна регионална стратегија која ја загрозува стабилноста на Блискиот Исток, известува Анадолу. „Израел се

Турскиот парламент ги осуди израелските напади врз Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) – Големото народно собрание на Турција во средата вечерта го одобри предлог на претседателството на парламентот со кој се осудуваат израелските напади врз Сирија, известува Анадолу. Парламентот најостро ги осуди

Руски гранати погодија станбена област во Источна Украина

СКОПЈЕ (АА) – Русија ја гранатираше украинската област Доњецк, уништувајќи три куќи, известува Анадолу. Русија изврши напад врз местото Костјантинивка, во Доњецк, предизвикувајќи пожари од кои се запалија неколку број куќи. Експлозиите

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес

Македонските млади ракометарки дел од програмата „Почитувај го твојот талент“

Дел од македонските млади ракометарки кои се со младинската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора беа учеснички на програмата „Почитувај го твојот талент“ организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ). На собирот
Go toTop