Војната во Украина низ фотографии

1 min read

На денешен ден пред точно една година Русија ја започна воената инвазија на Украина на која сè уште не ѝ се гледа крајот. Војната уби илјадници лица, принуди милиони Украинци да ги напуштат своите домови, цели градови претвори во урнатини и ги зголеми стравовите дека може да премине во отворен конфликт меѓу Русија и НАТО

Во продолжение погледнете низ фотографии како изгледаше првата година од војната:

Фото: EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Утрото на 24 февруари 2022 година, милиони Украинци се разбудија во војна.

Фото: EPA-EFE/RUSSIAN DEFENCE MINISTRY PRESS SERVICE

Првите експлозии се слушнаа во Киев во 3:27 часот изутрината, а потоа одекнаа и низ други делови од земјата.

Фото: PA-EFE/ROMAN PILIPEY

Во првите денови од војната, илјадници Украинци масовно го напуштаа главниот град.

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Утрото на 24 февруари претеседателот Володимир Зеленски ѝ се обрати на нацијата.

Тој рече дека Владимир Путин сака да ја уништи Украина, додавајќи: „Но, ја знаеме силата на украинскиот народ“.

Украинскиот претседател воведе воена состојба, забранувајќи им на сите украински мажи на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата.

Масовниот егзодус во соседните земји како Полска започна уште од првиот ден.

Фото: EPA-EFE/ARKADY BUDNITSKY

Обединетите нации соопштија дека 8,1 милион луѓе се раселени од Украина во Европа што е околу 19 отсто од вкупното украинско население.

Фото: EPA-EFE/ARKADY BUDNITSKY

На почетокот на војната приближно 18,6 милиони луѓе првично ја напуштија земјата, но 10,3 милиони оттогаш се вратија назад во својата татковина.

Фото: EPA-EFE

Оние кои останаа во Украина, пак, деновите ги минуваа во подруми, скривници и метро-станици криејќи се од руските експлозии.

Фото: EPA-EFE/MIKHAIL PALINCHAK
Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Во прилог погледнете уште неколку фотографии кои ја одбележаа руската инвазија на Украина.

Фото: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK
Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT
Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI
Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Улични кучиња каснале две лица во Карпош

Следно

Ковачевски: Нема пардон за ниту еден функционер кој ја злоупотребува позицијата

Latest from Blog