Во жесток руски напад тешко оштетено пристаништето во Одеса

May 29, 2023
1 min read

Само преку пристаништата во регионот Одеса Украина може да извезува житарки и други прехранбени производи како дел од иницијативата за снабдување со жито

Во напад на руски дрон во текот на ноќта е оштетена дел од инфраструктурата во украинското црноморско пристаниште Одеса, што е клучно за извозот на жито, соопшти украинската војска. Како резултат на ударот, избувнал пожар во пристанишната инфраструктура на Одеса кој брзо бил изгаснат. Се собираат информации за степенот на штетата, објави на Фејсбук Јужната команда на војската.

Армијата не прецизираше дали штетата во пристаништето го загрозува извозот на жито. Само преку пристаништата во регионот Одеса Украина може да извезува житарки и други прехранбени производи како дел од иницијативата за снабдување со жито.

Обединетите нации и Турција посредуваа во Црноморскиот договор за жито во јули минатата година, првично договорен за првите 120 дена, за да помогне во решавањето на глобалната криза со храна, влошена со руската инвазија на Украина, еден од водечките светски извозници на жито.

Договорот, кој беше продолжен овој месец, има за цел да гарантира безбеден извоз на жито и храна од трите украински пристаништа – Одеса, Чорноморск и Пивдени. Украинската војска соопшти дека руските сили користеле беспилотни летала „шахед“ од иранско производство во нападот, но не беа објавени детали.

Русија во раните утрински часови започна бран воздушни напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети против различни цели, вклучувајќи го и главниот град Киев. Воената администрација на главниот град соопшти дека одбранбените сили собориле повеќе од 40 цели.

Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина.

На Денот на градот Киев, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади досега.

Фото: EPA-EFE/STR

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Голем број светски лидери му ја честитаа изборната победа на турскиот претседател Ердоган

Следно

„Простор за разговор“ во рамки на Националната турнеја во Неготино и Гостивар

Latest from Blog

Бела куќа: Трамп и кинескиот претседател Си веројатно ќе разговараат неделава

Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно неделава ќе има телефонски разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, пренесе ДПА. Ливит не даде дополнителни детали и немаше

Меѓународна научна конференција „Стратегии за безбедност и одбрана: критичен фактор за одржлив мир и национален развој“

Во Ректоратот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје  денеска ќе се одржи меѓународна научна конференција „Стратегии за безбедност и одбрана: критичен фактор за одржлив мир и национален развој“, во рамки на одбележувањето на

Џеко може да се врати во Италија

Босанскиот фудбалер Един Џеко може да ја продолжи кариерата во Серија А, пишува новинарот Николо Шира. За 39-годишниот Џеко се заинтересирани два италијански клуба. Претходно Џеко најави заминување од Фенербахче каде настапуваше
Go toTop