ВО ВАРШАВА ПРОМОВИРАН УНИКАТЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ПОРЕЧЈЕТО СОБИРАН ОД ПОЛСКИОТ ЕТНОЛОГ ОБРЕМБСКИ

March 24, 2023
1 min read

Двотомно издание со редок и значаен историски материјал за животот во Поречјето во Македонија, насловено „Македонија – Јозеф Обрембски“, беше промовирано  во Народниот етнографски музеј во Варшава, Полска. Станува збор за книги составени од проф. Ана Енгелкинг од Институтот за славистички студии при Полската Академија на науки, базирани на истражувачките материјали и записи од полскиот етнолог Јозеф Обрембски, кој материјалите ги собирал во текот на неговиот истражувачки престој во Порече, Македонија, во 1932 година.  Во овој проект  учествувале и проф. Јоана Ренкас и Илија Упалевски за  транскрипцијата и стручната редакција на текстовите.

Книгите се печатени на полски јазик и се состојат од 1.300 страници  уникатен и значаен етнографски и историски материјал, непосредно пишано сведоштво за македонската култура, записи од теренските истражувања на Полскиот етнологот и социолог Јозеф Обрембски, при неговиот престој во селата од Поречјето од август 1932 до март 1933. Тој подготвувал и материјал за монографија посветена за религиозните и магичните ритуали на овчарите наспроти позадината на колективниот живот во Поречките села.

Панел дискусијата со учесниците, од лево кон десно: модератор – Роберт Зидел,проф. Ана Енгелкинг, проф. Каролина Беленин – Ленчовска, проф. Марчин Лубаш. (Фото: Д. Анастасов)

Овој подготвен материјал бил уништен за време на Втората светска војна во Варшавското востание и никогаш не бил објавен во форма на печатена монографија. Останале некои архивирани делови од овој материјал како и комплетните етнографски записи од теренските истражувања напишани во изворна македонска верзија и полска транскрипција на истите придружени со фотографии. Денес оригиналите од овие записи се чуваат во Архивот на библиотеката Ду Боа на Универзитетот Масачусетс, а кај нас при Институтот за етнологија и антропологија при Природно математичкиот факултет во Скопје постојат копии на дел од овие материјали.

Настанот беше организиран од Полското етнолошко друштов и Народниот етнографски музеј во Варшава. Во публиката, како што ни кажа Даниел Анастасов од Македонското истражувачко друштво, имало  видни истражувачи и научници од полската академска сфера, поранешни дипломати на Полска во Македонија, како и голем број представници на Македонската заедница во Полска.

На настанот имало и панел дискусија во која учествуваа проф. Ана Енгелкин, проф. Каролина Беленин – Ленчовска, антрополог и лингвист, професор-асистент при Институтот за Етнологија и културна антропологија на Варшавскиот универзитет како и проф. Марчин Лубаш, антрополог кој работи при Институтот за социологија при Јагилонскиот универзитет.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бојан Кркиќ ја заврши фудбалската кариера

Следно

„Простор за разговор“ во Штип

Latest from Blog

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош преку националниот портал за е-услуги

На барање на бројни граѓани и поттикнати од интересот на медиумите, Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека електронската апликација за закажување термин за издавање на лични документи повторно е достапна

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина
Go toTop