Во турската област Хатај уште трае отстранувањето на урнатините од земјотресот

March 25, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Во 20 места во турската област Хатај, сместена во јужниот дел на Туркије, што беа разурнати од катастрофалните земјотреси кои ја потресоа земјата на 6 февруари, продолжува отстранувањето на урнатините и рушењето на тешко оштетените згради, известува Анадолу.

Активностите за отстранување на зградите урнати во земјотресите ги изведуваат тимови во окрузите Анталија и Дефне.

Активностите се изведуваат во околу 20 места во подрачјето на областа Хатај.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, на 6 февруари утрото во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во 11 турски области се погодени од земјотресите, но и голем број во северните делови на Сирија.

Разорните земјотреси што минатиот месец ги потресоа јужните делови на Туркије беа причина за смртта на 50.096 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Модриќ: Сите знаат дека мојата желба е да останам во Реал

Следно

Европскиот суд ја осуди Грција поради загадувањето

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop