Во Танзанија се урна авион: Загинаа четири лица

May 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Четири лица го загубија животот како резултат на уривањето на авион кратко време откако полетал во Танзанија, пренесува Анадолу.

Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за цивилна авијација на Танзанија.

Во соопштението се наведува дека авионот паднал кратко време откако полетал од аеродромот во градот Селоус, кој се наоѓа во јужниот дел на земјата.

Во соопштението се истакнува дека како резултат на несреќата, животот го загубиле четири лица што се наоѓале во авионот, вклучително и пилотот.

Сѐ уште не е откриена причината за паѓањето на авионот и продолжува истрагата во врска со оваа несреќа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски пристигна во Џеда за самитот на Арапската лига

Следно

Филхармонија му го отсвири „Тешкото“ на Ковачевски пред Влада

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop