Во судирите со израелската армија во Наблус загинаа 11 Палестинци, повеќе од 100 лица повредени

February 23, 2023
1 min read

Во судирите со израелските војници во окупираниот град Наблус на Западниот Брег загинаа 11 Палестинци, меѓу кои најмалку четворица вооружени бунтовници и четворица цивили, објавија странските агенции, повикувајќи се на извештаи од службите за итни случаи. Повеќе од 100 луѓе се повредени.

Израелската армија преку соопштение ја потврди вчерашната операција во Наблус, посочувајќи дека нејзините војници биле подложени на напад додека се обидувале да приведат бунтовници осомничени дека подготвувале претстојни напади. Нема жртви меѓу израелскиот воен персонал, се вели во соопштението.

Палестинската група „Исламски џихад“ соопшти дека израелските војници опколиле двајца нејзини команданти во куќа во Наблус, што предизвикало судир на кој се приклучиле и други палестински милитанти.

Според палестински извори, двајцата команданти на „Исламски џихад“ биле убиени заедно со други вооружени лица. Меѓу жртвите има четворица цивили.

Безбедносната ситуација во Израел и на палестинските територии продолжува да биде крајно напната со недели. (МИА)

Фото: ЕПА

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Две жени и еден маж каснати од улични кучиња

Следно

Кривичен суд ќе има вонредна контрола по барањето на Боки 13

Latest from Blog

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop