Две жени и еден маж каснати од улични кучиња

1 min read

Три лица вчера пријавиле во полиција дека биле каснати од улични кучиња.

Најпрво во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Н.П.Г.(35) од Скопје пријавила дека во населбата Маџир маало била касната од куче скитник.

Потоа во 16.30 часот во Полициската станица Аеродром, Л.К.(61) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.  

Последниот случај е регистриран во 20.40 часот во Полициската станица Кисела Вода, кога Ф.С.(45) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

11-годишно девојче почина од птичји грип во Камбоџа

Следно

Во судирите со израелската армија во Наблус загинаа 11 Палестинци, повеќе од 100 лица повредени

Latest from Blog