Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград.
Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата успеале навреме да излезат од автобусот. Станува збор за ученици од седмо одделение кои отишле на екскурзија во Сокобања.
Несреќата се случила околу 10:50 часот утрово.
Според директорот на тоа училиште, Љубомир Вукиќевиќ, кој е на пат кон Бољевац, најважно во овој момент е децата да се добро и да нема повредени. Пожарникарите интервенирале и го изгаснале запалениот автобус.
Извор: kurir.mk