Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одбележа Бадник

January 6, 2025
1 min read

Верскиот празник „Бадник“, ден пред Христовото раѓање, Божиќ, беше одбележан денеска во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Традиционалниот настан започна со химна и подигнување на бадникарско знаме. Свештени лица извршија осветување на бадникови гранчиња, но и на кумовата погача, што подоцна беше поделена помеѓу присутните. Беше примопредаден и бадникарскиот ќуп.

Пред присутните се обратија минатогодишниот бадникарски кум Божидар Јанковски, новиот кум Радомир Макеларски и здравичарот меѓу бадникарите, Атанас Петров, како и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

„Живееме во времиња на бурна демократија. Да се потрудиме на новите генерации да им овозможиме подобра иднина. А вие, избраните претставници од народот, во општините и Градот, потрудете се да го направиме ова наше Скопје уште поубаво и посреќно место на живеење“, порача Петров.

Градоначалникот Герасимовски рече дека празниците зближуваат и посака убави празнични денови со спокој, љубов и благосостојба.

„Да се обединиме, да правиме добри дела и да сме солидарни со оние, на кои сме им потребни. Да ја чуваме традицијата што обединува и да ја пренесуваме на идните генерации“, истакна Герасимовски.

Во своето обраќање, Макеларски рече дека бадникарскиот ќуп е голем трофеј за него и неговото семејство, ќупот не се купува, но, не се ни продава.

„Од ова место, сакам на сите, без разлика на вера и националност, да им порачам, да се сплотиме сите заедно, да живееме во слога и мир“ , нагласи новиот бадникарски кум.

Кумот традиционално доаѓа и си оди со зурли и тапани, со пајтон, со што, како што беше кажано, се почитува пајтонот како заштитен знак на старо Скопје. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Расчистен сообраќајниот метеж во Маврово: Полицијата со апел до возачите за да не се повтори вчерашниот хаос

Следно

Зголемен бран на пациенти со сезонски симптоми: Лекарите препорачуваат постојани контроли

Latest from Blog

Тројца македонски државјани краделе по станови во Хрватска, еве што им нашла полицијата

Службеници на Службата за општ криминал на ПС Приморско-горанска и полициска станица Риека, по кривична истрага открија серија тешки кражби со кршење и влегување по станови. Тројца македонски државјани на возраст од

Битола, Кичево и Охрид вечерва со загаден воздух

Воздухот вечерва е загаден во Битола, Кичево и Охрид покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според мапата на МЖСПП најзагадено е во Битола, каде што мерната станица

Сиљановска Давкова: Предлогот на Костадинов е непристоен и значи непочитување и непризнавање

Ова е непристоен предлог. Намерата не е чесна, намерата не е заради почит. Обратно. Намерата вака да се искаже еднострано, всушност значи непочитување, значи непризнавање. Тогаш мојот коментар е дека фрустрации се

„Русија внимателно ги следи територијалните претензии на САД кон Гренланд, Канада“

МОСКВА (АА) – „Русија има интереси на Арктикот“, соопшти официјален Кремљ, известува Анадолу. Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на заканите на Доналд Трамп дека воено ќе го
Go toTop