Во сенка на се што се случува на тековниот Мундијал, клубовите во Европа сепак, работат на доведување на нови играчи како засилувања за следната сезона.
Италија како што е добро познато не е дел од Мундијалот, па клубовите таму во мир се подготвуваат за она што следува наесен.
Па така, шампионот Интер веќе некое време работи на доведување на У21 репрезентативецот на Италија, Марко Палестра, кој што е во моментов член на Аталанта.
Аталанта за него бара 50 милиони евра, и секако ќе ги добие, а Палестра се договори за три милиони евра годишна плата.
Менаџерот на играчот, Алесандро Лучи веќе е во Милано, за да ги финализира преговорите и Палестра ќе биде играч на Интер во следните 48 часа.
Извор: vecer.mk


