Во Скопје за еден ден изречени 203 казни за возачите

1 min read

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 203 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.

Како што соопшти МВР,  за возење повеќе од дозволената брзина се изречени 63 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се 18 санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Четвртфинале на Лигата на шампиони: Манчестер Сити и Интер извојуваа победи во првите натпревари

Следно

Ројтерс: Србија се согласила да испорача оружје во Украина, според еден од протечените документи на Пентагон

Latest from Blog