Во „Шиша бар“ се пронајдени педесетина чаури, повеќето куршуми завршиле во телата на убиените

March 10, 2023
1 min read

„Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела“, откри шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат

Најголем дел од педесетината куршуми испукани во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија завршиле во телата на двајцата убиени, откри во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат Гаврил Бубевски, шеф на Основното јавно обвинителство Скопје, кое ја координира предистрагата за случајот.

Од гостувањето во „360 степени“ на Гаврил Бубевски – шеф на Основното јавно обвинителство Скопје

„Колку точно рани има во телата на убиените се знае, но и јас сè уште го немам тој податок, го немам извештајот од судска медицина, но 40 до 50 чаури се пронајдени околу телата на убиените. Најголем дел од куршумите се завршени во нивните тела, односно многу малку се завршени надвор“,

рече Бубевски.

По информациите дека напаѓачите влегле во локалот униформирани и маскирани и дека на гостите им рекле дека се работи за полициска рација, прашан на кој јазик зборувале, Бубевски рече дека зборувале на македонски јазик, но образложи дека тоа не може да се земе здраво за готово како индиција.

Од емисијата „360 степени“

„На македонски јазик, но тоа не е до крај испитано дали се работи за чист македонски јазик, дали се разботи за мешавина. Меѓутоа, тоа е ситуација во која лицата имаат оружје и кога ги добивате овие информации од сведокот малку треба да бидете и претпазливи.

360°: Може да се работи и за лажна трага?

Се испитуваат сите можности што ни стојат на располагање за да видиме дали имаме сериозни траги кон одредени лица“,

вели Бубевски.

Тој потврди дека убиството се случило на вториот кат од објектот и рече дека таму немало други гости. Се работело за посебна просторија, а таргет биле тие две лица.

„Со нив имало уште едно лице кое е со минорни повреди и кое не било таргет, иако било во непосредна близина. Таргет очигледно биле тие лица кои на крајот се лишени од живот. Сè уште се испитува дали е пукано или се работи за рикошет во неговата нога (на повредениот, н.з.) од ѕид или од нешто друго“,

рече тој.

Во кој правец се упатиле напаѓачите откако автомобилот „ауди А6“ со кој избегале го запалиле на патот кон селото Горно Оризари, Бубевски рече дека засега информациите што ги имаат се оние што ги знае јавноста.

„Откако е запалено возилото нема повеќе информации зашто тој дел не е покриен со соодветен видео надзор“, вели тој.

Двојното убиство во локалот „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија се случи во понеделникот на 6 март. Убиени се две лица, а едно е повредено. Како што потврдија надлежните, убиените се Јетон Кривањева и Енес Исени, што соодветствува на иницијалите што ги соопшти полицијата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ ВРАЌААТ МИНУСНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ни доаѓа температурен шок во Македонија, но до крајот на месец март не очекува вистински пресврт (ФОТО)

Следно

Кирби: Москва сака да ја дестабилизира Молдавија

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop