Кирби: Москва сака да ја дестабилизира Молдавија

March 10, 2023
1 min read

Молдавија, земја која некогаш се наоѓаше во сферата на руско влијание, сега е предводена од цврсто проевропска власт, како и соседна Украина, која повеќе од една година се бори против инвазијата на руските трупи

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џон Кирби, денеска ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Молдавија, меѓудругото и со демонстрации, со цел во земјата да инсталира влада што ќе ја поддржува.

„Сметаме дека Русија се обидува да ја ослабне владата на Молдавија, секако со крајна цел да види за себе поповолна администрација на чело на земјата“,

изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД.

Молдавија, земја која некогаш се наоѓаше во сферата на руско влијание, сега е предводена од цврсто проевропска власт, како и соседна Украина, која повеќе од една година се бори против инвазијата на руските трупи.

Молдавија во јуни лани, заедно со Украина, доби статус на кандидат за членство во ЕУ, но од почетокот на војната во Украина се соочува со зголемен притисок од Москва.

Претседателката на Молдавија Маја Санду, минатиот месец изјави дека Кремљ планира државен удар во нејзината земја.

Вашингтон верува дека Москва се обидува да го дестабилизира Придњестровје, проруски сепаратистички регион во Молдавија.

Оваа територија на границата со Украина прогласи независност, но не е призната од ниту една земја. Властите на Придњестровје вчера соопштија дека го спречиле атентатот на нивните лидери, што му го препишаа на Киев.

Украина ги отфрли ваквите сериозни обвинувања.

„Руските актери, од кои некои се поврзани со руските разузнавачки служби, се обидуваат да организираат демонстрации во Молдавија и преку нив да поттикнат бунт против молдавската Влада“,

рече Кирби.

Тој додаде дека САД имаат доверба во демократските и економските институции на Молдавија и нивната способност да одговорат на овие закани и дека САД ќе продолжат да им даваат „голема поддршка“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во „Шиша бар“ се пронајдени педесетина чаури, повеќето куршуми завршиле во телата на убиените

Следно

Порака до Меси: Не губи повеќе време во ПСЖ!

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош добива нов лик пред летната сезона

Амфитеатарот во Варош добива нов и уреден изглед. Екипите на ЈКП „Комуналец“ Прилеп интензивно работат на негово комплетно реновирање, со цел просторот да биде подготвен за бројни културни, музички и забавни настани

Коњановски на МЕФ 2026: Западен Балкан мора заеднички да ја спроведе праведната енергетска транзиција

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска зборуваше на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје. Форумот се одржува со мотото „Унапредување на

УЕФА разгледува можно исфрлување на Олимпик Марсеј од европските купови

фото: Olympique de Marseille (X) Некогашниот европски шампион Олимпик Марсеј би можел да биде исклучен од европските натпреварувања поради пречекорување на ограничувањето за загуби. Според „Л’Екип“, нето загубите на клубот во текот

Димитриеска-Кочоска: Целосно отплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година

2 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што  во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена
Go toTop