Во Северна Македонија се одржа Свечена академија по повод денот на Албанското знаме

November 29, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – По повод 28 Ноември, Денот на албанското знаме, вчера во Скопје се одржа Свечена академија под покровителство на Али Ахмети, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), јавува Анадолу.

На овој настан присуствуваа претставници од централната и локалната власт, пратеници, академски и верски лидери, како и голем број граѓани.

Присутен беше и амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река, кој во својот говор ги поздрави политичките достигнувања на Албанците во Северна Македонија, како и нивните достигнувањата во другите сфери. Тој ги поздрави и добрите односи меѓу Албанија и Северна Македонија, додавајќи дека тие постојано се консолидираат.

„Во контекст на моментот во кој живееме, императив е Албанија и Северна Македонија да ги исполнат сите обврски што ги бара Европската Унија за што поскоро да станат дел од ова семејство“, рече амбасадорот Река.

Пред присутните се обрати и првиот вицепремиер на Владата на Северна Македонија, Артан Груби, кој упати честитки по повод празникот.

Тој рече дека Албанците никогаш порано не биле подобро, но нагласи дека „историјата не учи и дека добрите околностите се рушат за миг“.

„Нацијата, драги сестри и браќа, е почестена со работа. Ние што сме тука, должност ни е да продолжиме да ја градиме нацијата, секој од нас по еден камен во нашата тврдина, преку изградбата на автопати и железници со Албанија и Косово, отстранување на границите меѓу нас, па се до соединување во Европа. Секој посветено нека си ја врши својата работа“, рече Груби.

Свој обраќање имаше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој потсети на пожртвуваноста на албанскиот народ низ историјата. Тој зборуваше и за прогонот на Албанците кои живееле во поранешна Југославија, нагласувајќи дека Косово сега е независна држава, додека Албанците се државотворен народ во Северна Македонија.

“Орелот знае високо да лета. Орловските крилја никогаш не се уморуваат, па и овој орел како што нѐ водеше во војна, ќе нѐ води и во мир, кон Брисел“, рече Ахмети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

MARKETING

MARKETING

Претходно

Променливо облачно, во западните и северните делови слаб дожд

Следно

Почнува 30. Министерски состанок на ОБСЕ, во Скопје доаѓаат Ентони Блинкен и Сергеј Лавров

Latest from Blog

Загина македонски државјанин во сообраќајна несреќа кај српско-унгарската граница

Трагична сообраќајна несреќа се случи утринава околу 05:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на границата меѓу Србија и Унгарија, каде што животот го загуби државјанин на Македонија, а друг македонски

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема
Go toTop