Во Саудиска Арабија се пофалија: Сопствениците на Јунајтед во напредни преговори за продажба на клубот

October 9, 2025
1 min read
ФОТО: Manchester United F.C./X

Сопствениците на Манчестер Јунајтед се во напредни преговори за продажба на клубот на друг инвеститор. Оваа бомбастична вест ја објави Турки Ал-Шеик, кој е претседател на Генералниот орган за забава (GEA), оддел на саудиската влада и советник на Кралскиот двор со ранг на министер.

Претставникот на кралското семејство преговара со Манчестер Јунајтед за „црвените ѓаволи“ да го посетат Ријад за пријателски натпревар, кој ќе биде дел од таканаречената сезона во Ријад. Клубот од „Олд Трафорд“, кој бара можност да ги надомести загубите од неучеството на тимот на европските клупски турнири, би можел да добие околу 10 милиони фунти од таква посета.

Доцна синоќа, Ал-Шеик ја објави гласната вест на својот профил на Твитер, што предизвика широк одѕив не само кај неговите следбеници, кои бројат 7,2 милиони, туку и низ целиот свет.

„Најсреќната вест што ја слушнав денес е дека Манчестер Јунајтед моментално е во напредна фаза на финализирање на договорот за продажба на нов инвеститор… Се надевам дека ќе биде подобро од претходните сопственици“, напиша Ал-Шеик.

Пред некое време, мнозинските сопственици на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, преговараа со катарскиот конзорциум на шеикот Јасим Ал-Тани за продажба на клубот. На крајот, Американците ја отфрлија оваа понуда и продадоа 27,7% од клубот на Сер Џим Ратклиф.

Ал-Шеик е значајна фигура во боксерските кругови, бидејќи има значајна улога во организирањето на некои големи боксерски настани. Тој има сериозен интерес и за фудбалот. Во 2019 година стана сопственик на Алмерија, но во мај оваа година го продаде клубот. Во англиските медиуми неодамна се тврдеше дека е заинтересиран да ги купи Саутемптон или Милвол.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид со најголем дневен промет, МБИ10 негативен

Следно

Обвинителството откри детали: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола

Latest from Blog

Мицкоски: Има политичари кои живеат ОД Македонија и граѓаните, а ние живееме ЗА државата и народот

На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на

Општина Битола: Стадионот „Петар Милошевски“ повторно со голем фудбалски настан

По само еден месец, стадионот „Петар Милошевски“ во Битола повторно ќе биде домаќин на значаен фудбалски натпревар. Репрезентацијата на Македонија до 21 година утре, на 10 октомври 2025 година, ќе ја пречека

МФ: Измените на Законот за ДДВ ќе донесат повеќе средства за локалните компании

9 октомври 2025 година, Скопје- Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со
Go toTop