МФ: Измените на Законот за ДДВ ќе донесат повеќе средства за локалните компании

October 9, 2025
1 min read

9 октомври 2025 година, Скопје- Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании.

Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.

Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.

Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.

Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Биткоинот порасна на 106.400 евра, а итриумот падна за 1,81 процент на 3.790 евра

Следно

Општина Битола: Стадионот „Петар Милошевски“ повторно со голем фудбалски настан

Latest from Blog

Бесплатен влез за натпреварот Македонија – Летонија на арената „Тодор Проески“

Македонската А репрезентација во четврток, 13 ноември, со почеток во 18:00 часот, ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година. На Националната арена „Тодор Проески“, нашата најдобра селекција ќе одигра контролен натпревар

СВЕШТЕНИК ОБВИНЕТ ЗА ТРГОВИЈА СО ДРОГА Бил активен на социјалните мрежи, а црквата ја претворил во скривалиште!

Отец Партениј (58), познат на интернет по своите верски видеа, е обвинет дека ја злоупотребувал својата религиозна положба како параван за криминални активности. Според документите од истрагата, пренесени од грчките медиуми, свештеникот

Војната продолжува: Јамал е отстранет од селекцијата на Шпанија!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB И дефинитивно војната меѓу Барселона и фудбалската федерација на Шпанија продолжува. Федерацијата објави дека Ламине Јамал е повлечен од составот за натпреварите против Грузија и Турција. Медицинскиот

ВИДЕО: Бурек со ЈАБОЛКА

Рецепт кој се пренесува од генерација на генерација. Потребно е: 500 г тенки кори 4 големи јаболка малку цимет мустатно оревче 30-50 мл кисела вода Подготовка:  Извор: kurir.mk
Go toTop