Во Прилеп голема еко-акција за чиста животна средина

November 15, 2025
1 min read

Се чистеше на 20 локации во околината на Прилеп, а една од нив е околината на прилепското село Волково каде треба да се направи катче за рекреација.

-Сите простори околу градот треба да бидат чисти- просторите за пешачење, за рекреација, излетничките места.  Паралелно со тоа ја подигнуваме свеста за чиста еколошка средина. Прво, треба да ја подгнуваме свеста за чиста и здрава животна средина и околина, второ, јавните комунални претпријатија да ги подигнеме на повисоко ниво на функционирање со зголемена механизација и последно да остане системот на присила зашто кај некои граѓани мора да се зголеми еколошката свест бидејќи истураат отпад каде ќе стигнат. Планираме да има неколку пункта каде и досега граѓаните оставале отпад, барем јавните комунални претпријатија оттука да го собираат отпадот, изјави прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Прилепската локална самоуправа најавува догодина да има и видео надзор кој ќе го контролира фрлањето смет, а се размислува и за донесување правилник за комунален ред.

Одлагањето на отпадот се врши во попладневните часови, а според Законот за јавна чистота може да постапува и полицијата. Потребно е и изрекување казни.

– За да се изречат казните треба на лице место да се фати оној што истура отпад, вели Цветанка Николоска, инспектор за заштита на  животната средина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

Следно

Ѓорѓиевски: Да ја негуваме културата на читање, тоа е наша обврска

Latest from Blog

Шпанските научници идентификуваа неврони во амигдалата кои предизвикуваат анксиозност

Научници идентификуваа специфична група неврони во амигдалата кои директно предизвикуваат анксиозност, а нивната хиперактивност е поврзана и со развојот на депресија и нарушувања во социјалното однесување, според нова студија на Институтот за

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека во моментов се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството, а споредбите се прават и врз основа на тоа

Ѓорѓиевски: Да ја негуваме културата на читање, тоа е наша обврска

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати честитка по повод јубилејот на ЈУ Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, која годинава одбележува 80 години од своето основање. Тој нагласи дека историјата на библиотеката, започната во

Оддадена почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

По комеморативниот собир, Македонците изразија благодарност до месната заедница Костолац за одржувањето на поменот за загинатите Македонци од Вардарскиот батаљон во Првата светска војна во битката кај месноста Костолачка Коса. -И годинава
Go toTop