Во Парламентот во Софија се подготвува декларација по нарушување на односите со Скопје

January 28, 2023
1 min read

Бугарската собраниска Комисија за надворешна политика, на нејзината последна седница, едногласно усвои декларација, која треба да се стави на гласање на пленарна седница, а во која се изразува осуда поради „актите на насилство врз Бугарите, нивните клубови и организации“. Со декларацијата се осудува и насилството врз Христијан Пендиковски.

Во документот што го објави БГНЕС, се осудуваат, како што се вели, „лажните и манипулативни изјави за бугарското минато во јавниот и политичкиот простор на Република Северна Македонија“ со оценка дека станува збор за намера заради изградба на чувства на омраза кон Бугарите и Бугарија.

Во Декларацијата од девет точки, се осудува, како што се посочува, говорот на омраза во Северна Македонија против локалните Бугари и Република Бугарија, како и неговите манифестации во политичкото, јавното и медиумското опкружување. Се повикуваат властите и институциите во Северна Македонија да преземат сеопфатни, итни и ефективни мерки за борба против говорот на омраза и злосторствата од омраза во сите форми и манифестации против бугарските граѓани и граѓани со бугарски идентитет.

-Заштитата на правата на бугарските граѓани и граѓаните со бугарска самосвест во Република Северна Македонија треба да се гарантира и преку целосна употреба на инструментите утврдени во преговарачката рамка одобрена од Европската унија и со одлуката на Четириесет и седмото Народно собрание од 25 јуни 2022 година, се наведува меѓу другото во Декларацијата.

Во документот се изразува загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во ЕУ“ што, како што се посочува, им служи на интересите на трети земји.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЈО со предлог за притвор за малолетникот кој вчера со автомобил усмрти пешак во Скопје

Следно

Фијала: Чешка за нов претседател на земјата го избра Петр Павел, победи граѓанскиот кандидат

Latest from Blog

Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба

Месната заедница Галичник и Пивара Скопје денеска на прес-конференција ќе ги претстават младенците за годинашната Галичка свадба и ќе ја соопштат програмата на манифестацијата.  Покрај невестата и зетот, кои ќе бидат облечени

ДУИ: Изгубени 40 милиони евра – неуспех на европската агенда на сите фронтови

Во сенка на големиот дебакл во Европскиот парламент, речиси незабележано поминува веста дека државата изгубила речиси 40 милиони евра од Планот за раст на Европската Унија.Овие средства не беа симболични.Тие беа наменети

Врховниот суд на САД ќе одлучува за учеството на трансродови лица во женски спортови

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ги разгледа првите случаи поврзани со учеството на трансродови лица во женски спортски натпревари – тема која предизвикува сè поголеми политички и правни поделби во
Go toTop