Во Пакистан распоредена армијата поради тензиите по апсењето на поранешниот премиер Кан

May 10, 2023
1 min read

ИСЛАМАБАД (АА) – Пакистанските власти денес наредија распоредување на армијата во провинциите Пенџаб и Хајбер Пахтунхва поради демонстрациите против апсењето на поранешниот премиер Имран Кан, јавува Анадолу.

Федералното Министерство за внатрешни работи ги одобри барањата на провинциските преодни влади за распоредување војници.

Одлуката следуваше откако полицијата приведе голем број опозициски активисти во текот на ноќта низ Пакистан по гневот и широко распространетите протести поради апсењето на Кан под обвинение за корупција.

Најмалку три лица загинаа во судирите меѓу демонстрантите од партијата на Кан, пакистанската Техрик-е-Инсаф (ПТИ) и полицијата, соопштија официјални претставници.

Меѓу приведените беа Умар Шарфраз Чема, поранешен гувернер на североисточната провинција Пенџаб, Асад Умар, генерален секретар на ПТИ и неколку пратеници и партиски претставници.

ПТИ денес повика на национални протести, но се огради од насилство, повикувајќи ги приврзаниците да останат мирни и да се соберат пред полицискиот штаб во Исламабад, каде што Кан се појави пред судија.

Додека мобилниот интернет и платформите за социјални медиуми остануваат ограничени, училиштата беа затворени во многу делови од земјата.

Претходно лидерот на ПТИ, Шах Махмуд Куреши, рече дека партијата нема информации за тоа каде се наоѓа Кан.

Адвокатот на Кан, Фајсал Чодри, исто така, им кажа на новинарите дека немал контакт со својот клиент.

Поранешниот премиер беше обвинет од Високиот суд во Исламабад во еден од неколкуте случаи поднесени против него од неговото соборување минатиот април. Неговата партија вели дека случаите се политички мотивирани.

Откако беше сменет од власт по губењето гласање за доверба, тој водеше кампања за предвремени избори и ги обвини САД, како и моќната војска во земјата, дека го смениле од функцијата.

Кан беше уапсен во врска со наводите за корупција во која е вклучена фондацијата на Универзитетот Ал Кадир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЛИТЕРА СО ГОСТИ ОД ХРВАТСКА, ПРОМОЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА И УМЕТНИЦИ

Следно

Голема полициска акција во Сараево: Уапсени осум лица осомничени за криминал, меѓу нив и градоначалник

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop