Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“

May 13, 2024
1 min read

На пет дена до крајот на пописот на населението во Косово, досега се попишани над еден милион и 420 илјади жители, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вршителот на должноста извршен директор на Агенцијата за статистика на Косово (АСК), Авни Кастрати, на денешната конференција за медиуми рече дека, иако во оваа институција очекувањата се дека процесот ќе заврши навреме, од некои општини има барања рокот да се одложи.

Кастрати изјави дека досега сé се одвивало според планираното, без некои поголеми предизвици.

Тој додаде дека во однос на барањата за одложување на датумот, ќе видат дали истото има основа да биде одобрено и информриа дека во некои општини, како Призрен и Приштина, се отворени канцеларии за граѓаните кои немале можност да се попишат во нивните домови.

Што се однесува до северниот дел, населен со мнозинско српско население, Кастрати рече дека, иако имало двоумење, дел од тамошните граѓани се попишале.

Кастрати објави дека бројот на пријавени жители од дијаспората надминал 400.000.

Во овој попис е вклучен и прашалник кој им овозможува на граѓаните да ги пријават штетите од последната војна во Косово, во 1998-99 година.

На последниот попис на населението во Косово, одржан во 2011 година, процесот не беше спроведен во четирите општини со српско мнозинство на север, а беше делумно бојкотиран од Србите и во другите општини.

Овој попис на населението започна на 5 април и ќе трае до 17 мај, додека првите прелиминарни резултати се очекуваат во јуни. (МИА)

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Родителите собираат пари, но како се трошат?

Следно

Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ не бегаат од Преспанскиот договор, но не се откажуваат од само „Македонија“

Latest from Blog

Силен земјотрес кај Подгорица

Силен земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Подгорица во Црна Гора, јавува „ЕМСЦ“, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од околу пет

Германски политички научник: „Истанбул е најсоодветно место за мировни преговори меѓу Украина и Русија“

БЕРЛИН / ИСТАНБУЛ (АА) – Во пресрет на новите историски мировни преговори политичкиот научник од Слободниот универзитет во Берлин, Хајо Функе, истакна дека нема подобро место од Истанбул за одржување преговори меѓу

Собранието го изгласа новиот Закон за енергетика

Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата, соопштија од министерството за енергетика, рударство и
Go toTop