Во Кенија, 2,6 милиони животни се изложени на ризик од смрт поради суша

1 min read

Кениската Национална агенција за управување со суша (НДМА) објави дека 2,6 милиони животни во земјата се во опасност од смрт поради недостиг на вода, јавува Анадолија.

Претседателот на НДМА, Харед Хасан, го сврте вниманието на јавноста на големата суша во Кенија, истакнувајќи дека долгорочната суша има штетен ефект особено врз животните.

Тој посочи дека околу 2,6 милиони животни се во опасност од смрт, додавајќи дека моменталната состојба може да има многу негативно влијание врз сточарскиот сектор.

-Ниското производство на млеко поради смртта на животните значително ја зголемува неухранетоста, рече Хасан.

Ова е најдолгата сушна сезона во Источна Африка од 1980-тите.

Милиони луѓе, исто така, се соочуваат со глад поради сушата.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

(ОБНОВЕНО) Закани за бомби во 32 училишта во Скопје и едно во Прилеп

Следно

Стрес и вознемиреност и за најмалите: Дојава за бомба во скопска градинка и 67 училишта

Latest from Blog