Во израелските напади околу болницата „Камал Адван“ убиени се 18 лица

December 6, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 18 Палестинци се убиени во нападите што ги изврши Израел околу болницата „Камал Адван“ во градот Беит Лахија, северно од Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според информациите добиени од очевидци, израелските воени авиони ги гаѓале куќите на семејствата Шабан, Авад, Ешкар и Јасин во северниот дел од Појасот Газа.

Во нападите се убиени 18 Палестинци, а во тек се потрагата и спасувањето на оние што останале под урнатините.

Неколку часа по утринскиот напад на болницата „Камал Адван“, израелската армија се повлече и жестоко го бомбардираше подрачјето околу неа.

Израелската армија насилно ги истера пациентите и медицинскиот персонал од болницата и во текот на рацијата приведе многу пациенти и здравствени работници.

Пред нападот, израелски воени возила беа стационирани околу болницата и ја опколија од сите страни.

Здравствени извори објавија дека станицата за кислород во болницата „Камал Адван“ во северниот дел на Појасот Газа, каде што израелската армија врши интензивни напади од почетокот на октомври, целосно престанала да работи, поради што во ризик се животите на болните и повредени.

Изворите велат дека израелски беспилотни летала извршиле интензивни напади околу болницата и дека поради тоа не било можно да се поправи станицата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Исплатата на правата од социјална и детска заштита е во тек

Следно

Јокиќ: Ќе зборувам за рекорди на крајот од кариерата

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop