Во Германија двојно е зголемен бројот на лица без државјанство

1 min read

Бројот на лица кои без државјанство престојуваат во Германија двојно се зголеми по бегалскиот бран во 2015 година, соопшти денеска Федералниот завод за статистика во Визбаден.

„На крајот на 2022 година во централниот регистар на странци се евидентирани 29.455 лица без државјанство. Ова е двојно повеќе од пред бранот мигранти во 2015 и 2016 година“, се вели во соопштението на Заводот за статистика.

Повеќе од половина од овие лица пристигнале од Сирија.

Како причина се наведува немањето лични документи кои би можеле недвосмислено да потврдат нечие државјанство. Речиси е невозможно сириските граѓани дополнително да ги добијат овие документи поради несоработката на властите во Сирија.

Според податоците на Обединетите нации, недостигот на државјанство понекогаш се заснова и на родова дискриминација, бидејќи во некои земји жените не можат да го пренесат своето државјанство на своите деца.

Децата родени во Германија не добиваат автоматски германско државјанство доколку еден од родителите не престојувал во Германија најмалку осум години и не поседува неограничена дозвола за престој.

Странците во Германија можат да аплицираат за германско државјанство по осум години легален престој, а освен неограничена дозвола за престој, потребен е и доказ за доволен приход за нив и нивното семејство и потврда за неказнивост.

Германија по правило, со исклучок на граѓаните на земјите-членки на ЕУ, не дозволува двојно државјанство.

Бегалците од Сирија моментално уживаат право на заштита во Германија, а по осум години можат да поднесат барање за државјанство доколку исполнуваат услови.

Во многу случаи, барателите на азил ги уништуваат своите документи со цел давајќи лажни наводи за своето потекло, да ја зголемат можноста за стекнување право на политички азил.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Советот на министри на ЕУ даде зелено светло за либерализација на визите за Косово

Следно

Арсим Зеколи тврди дека Ахмети намерно го понижува СДСМ за да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Мишел ќе влегува од клупа?

Информацијата на Шпигел е дека Демократската партија размислува околу опцијата Бајден да ја објави својата одлука