Во Франција и денеска нарушен железничкиот сообраќај

1 min read

 

Одредени возови во Франција и денеска не сообраќаат редовно, ден по „масовниот и добро подготвен“ напад врз мрежата на брзите возови, извршен неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз. 

Состојбата се подобрува, но железничкиот сообраќај и денеска е нарушен, со доцнење на возовите од најмалку еден час. Француската железница соопшти дека ќе биде обезбеден превоз за олимписките спортисти и нивниот персонал. 

Неколку пожари избувнаа ноќта меѓу четвртокот и петокот на мрежата на француската железница. Пресечени и запалени беа некои кабли, а запалени беа и сигнални кутии.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Во израелски напад на јужниот дел на Појасот Газа се убиени 9 Палестинци

Следно

ЦУК: Сѐ уште гори кај Тажево и Јасен, еден пожар е под контрола, 13 се изгаснати

Latest from Blog