Во Албанија зголемен бројот на случаи на перење пари

March 16, 2023
1 min read

Шефот на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, Алтин Думани, денеска во Високиот совет на обвинители презентирајќи го извештајот за 2022 година изјави дека е забележан раст на случаите на перење пари.

-Случаите на перење пари се зголемуваат, а во текот на извештајната година се регистрирани и 12 нови случаи односно обвинувања добиени од странски законодавци. СПАК посвети посебно внимание на кривичните дела трговија со
наркотици или тероризам. Случаите поврзани со корупција се зголемени за 30 отсто, истакна тој, јави Ора њуз.

Од друга страна, тој наведе и дел од проблемите што ги констатирал во периодот додека е на чело на СПАК, а кои мора да се решат што поскоро.

Меѓу овие проблеми, рече тој, е пренесувањето на значителен број предмети од претходните години, како и немањето капацитети за обвинители, главно за истражителите на Бирото за истраги.

Додаде дека работат во многу ограничен амбиент и дека тоа може да предизвика „уништување на докази што ги собрале во текот на истрагата за одредено прашање“.

-Недостигот од простории и канцеларии каде ги извршуваме нашите функции е уште еден проблем, имаме алармантна состојба. Немаме канцеларии за обвинители, особено за истражители на Националното биро за истраги. Имаме многу докази во многу ограничена средина, ризикуваме да ги уништиме, оцени тој.

Според него останува проблем и состојбата со заостанатите предмети од изминатите години.

-Има значителен број на предмети пренесени од други години и тоа е проблемот со кој обвинителите мора да се соочат и да дадат решение. Всушност, ова е проблем. Со оглед на овој проблем, одржав средби со обвинителите, за документирање на проблемот и согледување на реалните можности како може што поскоро да се завршат истрагите, но не на сметка на квалитетот, посочи тој.

На функцијата прв човек на СПАК, со тригодишен мандат, Думани беше избран во 18 декември минатата година, кога најави дека „обвинителството преминува во поагресивна борба против корупцијата на функционерите на сите нивоа“.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пентагон објави документи за можно присуство на вонземјани

Следно

ФФМ ги пушти во продажба билетите за натпреварите со Малта и со Фарски Острови

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop