Внимателно на овој мост во скопско: Камени коцки претставуваат опасност

February 9, 2023
1 min read

Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши обиколка на мостот во Визбегово, Скопско, по повторно јавување на граѓани на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Утврди дополнителна опасност од коцките камен што од гумите на тешките камиони и возила се вадат и се истуркуваат од патот и од мост се до рабовите на мостот, од каде што по нивно паѓање се сериозна закана по животот на граѓаните што возат или поминуваат под мостот, информираат од Центарот за управување со кризи. 

На 12 ноември лани директорот на ЦУК директно од мостот ги повика јавно надлежните да преземат мерки за отстранување на опасноста од големите парчиња бетон што висеа над коловозот и за нестабилноста на мостот надвозник кај Визбегово, Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

Разграничувањето на надлежностите на Град Скопје и Општина Бутел се преклопуваат и можеби не беа јасни до крај, но Град Скопје преку ЈП „Улица и патишта“, сепак постави заштитна ограда, за еден ден по јавниот аларм на ЦУК што во интерес на безбедноста на граѓаните Ангелов јавно ја актуелизираше, после повеќето пратени документи и укажувања за истото.

Потоа, на 15 ноември Центарот за управување со кризи упати благодарност до Град Скопје за брзата реакција и отстранување на потенцијалната опасност по граѓаните од парчињата бетонски плочи што висеа од мостот надвозник кај Визбегово, но сега се појавува опасност од коцките камен што опасно се вадат од патот и мост па се тркалат до рабовите на мостот.

-Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции, но и медиумите и граѓаните да се актуелизира отстранувањето на опасноста од мостот, во насока, институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112, велат од ЦУК. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дополнителни 36 армиски специјалци заминаа за Турција

Следно

Галтие: Фудбалерите на ПСЖ се разочарани и депресивни по поразот од Марсеј, Купот на Франција беше нашата цел

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop